0 коментари

Еднодневен пакет со појадок и вечера + базен во хотел Пламена Палас****, Приморско

Хотелот располага со 112 соби и 4 апартмани и ги нуди следните услуги: деноноќна рецепција, лоби бар, ресторан, скара, рум-сервис, конференциска сала, безжичен и кабелски интернет, сеф, бизнис услуги, паркинг, подземна гаража, перење, пеглање, рент -а- кар, трансфери, фитнес, надворешен базен, џакузи, базен за деца, детско катче, детска соба за игри.
Собите се модерно и удобно опремени со централна климатизација, телевизор, кабловска телевизија, фен, телефон врска, мини бар, електронска контрола на пристапот.
Лоби-бар и ресторан Пламена Палас ќе ве примамат не само со различни пијалоци и оброци, но и со можноста да уживате меѓу пријатна атмосфера и убава природа. Лоби-барот на хотелот работи деноноќно и располага со одлична градина, а ресторанот плени со пријатна атмосфера и нуди јадења од бугарската и европска кујна. Хотел Пламена Палас е чудесно место за вашиот одмор на Црно море.
Хотел Пламена Палас двапати ја добива наградата за најдобар хотел во Приморско во 2006 и 2008 год., а во 2012 год. Добива признание за придонес во развојот на туризмот на територијата на општина Приморско во категоријата "СПА и бизнис хотел".

Коментари



Вашиот коментар: