0 коментари

Еднодневен пакет со појадок во Клуб хотел Дјун, Приморско!

Приморско е лоциран на мал полуостров, вдаден во Црното Море меѓу лагуната-залив Стамополу и Ѓаволскиот залив, во подножјето на врвовите на планината Странџа. Ова се најголемите и најдолгите плажи долж бугарското крајбрежје на Црното Море.

Секоја година Приморско е посетуван од милиони странски и бугарски туристи. Градот е најпосакувана дестинација поради поволната клима, убава природа, историските и културни споменици на негова територија, гостопримливото локално население и не на последно место различни атракции понудени на туристите кои го прават погоден за мирен семеен одмор, така и за интензивен одмор со многу забави и емоции. Силно развиен е туризмот и градежништвото. Инфраструктурата на Приморско е добро оформена, има редовни автобуси до соседните летувалишта и градови, редовна линија до главниот град и голем број на дестинации во странство, аквапарк, рестораните нудат бугарска традиционална кујна, брза храна, пицерии, кафулиња, барови, дискотеки, бистра, снек барови и продавници. Атракции како сурфање, скијање на вода, водени лизгалки, сурфање, скутери, авиони, риболов, пловењето и јахта, одбојка на плажа, тениски игралишта и многу други се само дел од забавата за туристите.

Коментари



Вашиот коментар: