0 коментари

Еднодневен пакет со појадок во Хотел Дара***, Приморско

Град Приморско се наоѓа на 55 км. јужно од град Бургас, лоциран е на мал полуостров на брегот на Црното Море, во подножјето на Странџа Планина. Областа е еколошки чиста, без никакво индустриско загадување. Во градот секоја година се одржува меѓународен фестивал на народното творештво. Градот со својата уникатна комбинација на шума и морето е посакувана дестинација за летен одмор. Интересни природни знаменитости во регионот се резерватите Ропотамо и Аркутино, Веселите скали, карпестата формација Лавската глава. На 5 километри од Приморско се наоѓа древното тракиско светилиште-опсерваторија Беглик таш, како и песочните дини Перла. Сите тие се заштитени и светски познати и се најпосакувана дестинација за љубителите на природните убавини.

Коментари



Вашиот коментар: