0 коментари

Еднодневен пакет за двајца на база All Inclusive во Хотел Преслав, Златни песоци

Хотелот се состои од две крила, меѓусебно поврзани со лоби бар. Хотел Преслав е на 3 спрата и располага со 153 соби (138 двокреветни соби и 15 едноспални апартмани), лоби бар, рецепција, неверојатно убав англиски двор, сателитска ТВ, хотелски ресторан, надворешен базен, бар на базенот, како и интернет пристап во фоајето на хотелот и собите.

Хотелот е реновиран во 2015 година.

Двојните соби се пријатно опремени и располагаат со спална или две единечни легла, како има можност и за дополнително, со туш и тоалет, балкон, сателитска ТВ, фрижидер и телефон.

Апартманите располагаат со спална и дневна соба - пријатно опремени соби, разделени со врата. Спалната е тип француско легло (двојно), во дневната соба има можност за поставување на дополнително легло, бања, тоалет, балкон, сателитска ТВ, фрижидер, телефон.

Ресторанот располага со 300 места, нуди широк избор на европска и бугарска кујна. Лоби барот и прекрасниот англиски двор само ја надополнуваат мирната атмосфера на хотелот и го прават уште попривлечен за одмор.

На гостите на хотелот се нудат индивидуални сефови на рецепција со доплата, автомобили за изнајмување, билјард, различни видови игри, фитнес и игралиште за одбојка на плажа во близина на базенот.

Доброто расположение и комфорот кој хотел Преслав ви го нуди, го прават атрактивно место за вашиот летен одмор!

Коментари



Вашиот коментар: