0 коментари

Дводневен викенд пакет, тридневен или петдневен пакет со појадок и вечера во Семеен Хотел Сима, Тројан - Р. Бугарија

Семеен хотел Сима е целосно реновиран, има 2 хотелски спрата и нуди за своите гости 8 двокреветни соби со 2 кревети, 2 двокреветни соби со спална, 3 апартмани (2 + 2) и 3 пентхауси (2 + 2). Апартманите и пентхаусите се со камини. Сите се опремени со телевизор, телефон, бања со туш-кабина и имаат тераси со прекрасен панорамски поглед. Семеен хотел Сима се грее со локално парно. Во зимската сезона може да ги искористат предностите на  2 алпски патеки за скијање (1,2 км) и патека за деца, , патека  за крос-кантри скијање, ски-гардероба, училиште со квалификувани наставници.
Хотелот располага со ресторан и градина со панорамски поглед, сауна и џакузи. На територијата на целиот хотел е изградена безжична интернет конекција. Располага со сала за состаноци со 40 места. Работи целогодишно  и е погоден за организирање на обуки и семинари, тим билдинг, семејни и корпоративни прослави, пријателски средби, индивидуални и групни одмори.
Семеен хотел Сима е почетна точка за многу туристички правци – кон планинарските домови Дерменка и Добрила, природниот резерват Козја стена. Идеалната местоположба  овозможува лесно  придвижување до градот  Тројан, Тројанскиот манастир, бањските одморалиштата Чифлик и Шипково (25 км.), Националниот  парк Централен Балкан.

Коментари



Вашиот коментар: