0 коментари

Еднодневен пакет на база All Inclusive + Аквапарк и СПА во Престиж Хотел и Аквапарк****, Златни песоци

Хотелот располага со 120 апартмани, 22 студиа и 45 двокреветни соби. Потопете се во една нова атмосфера на стил и удобност. Нашиот тим ќе одговори на секоја ваша потреба и очекувања. Бидете специјални тука и сега - во Престиж Хотел и Аквапарк.
Уживајте во А ла карт ресторанот "PREMIUM" кој ви нуди различни искушенија секоја вечер. Специјално за вас, All inclusive ресторанот нуди еднаш неделно: Црноморска вечер, Традиционална бугарска вечер со шоу програма во живо, ориенталска вечер, Скара вечер. Што повеќе убаво од појадок или вечера на отворено во All inclusive ресторанот, кој нуди надворешна тераса со 100 места. All inclusive ресторанот располага и со 230 места во внатрешниот дел, кој е целосно реновиран.
Почуствувајте комфор, удобност и префинетост на појадок, ручек и вечера, или во ужинките меѓу броците во All inclusive ресторанот, кој ви нуди и кулинарско шоу.
Опуштете се на лежалките околу базен барот со коктел во рака или пиејќи чаша ароматично кафе во софистицираната и модерна атмосфера во нашиот лоби бар.
Време е за одмор и забава!
На располагање на гостите на хотелот се: - All inclusive ресторан со 230 места внатре и 100 места на надворешната тераса - А ла carte ресторан "PREMIUM", која работи со претходна резервација – бар на базенот - Лоби бар.

Доживејте вистинска водена магија во новиот аквапарк. Пет водени лизгалки - три надворешни и две затворени, со посебна секција за пливање, ќе ве одведат во еден прекрасен свет на радост и имагинација. Особено за децата, новиот аквапарк открива вистински рај на бои, фантастични животни и ликови. Пиратски брод, четири лизгалки - "Зајче", "Слонче", "Октопод", "Виножито" (кон детскиот базен) и 4 фонтани - "Сунѓер", "Ракчиња", две "Делфинчиња", ќе ги направат Вашите децата среќни, а Вашиот одмор - незаборавно искуство. Аквапаркот ви нуди: - Три надворешни и две затворени водени лизгалки - Одделна секција за пливање - Пиратски брод,четири фонтани и четири лизгалки кон детскиот базен - бар на базенот - лежалки, чадори, крпи.

Опуштете се максимално и уживајте во своето СПА искуство. Бегство од секојдневниот живот, стресот и психичкото оптоварување во нашиот Спа центар - место за релаксација  и балансирање на телото и душата. Елегантен ентериер, релаксирачка музика, висококвалифицирани терапевти и спа опрема ќе допренесат за незаборавно спа искуство.

Коментари



Вашиот коментар: