0 коментари

Еднодневен пакет на база All Inclusive во Хотел ПЕРЛА, Сончев брег

На располагање на гостите на хотелот Перла се вкупно 80 двокреветни соби и 45 апартмани, 4 од кои мезонети и 2 двоспални апартмани, така што вкупниот капацитет на хотелот е до 240 гости. Собите се со балкон, климатизирани и имаат сателитска ТВ, телефон, фрижидер, бањи опремени со тоалети. Апартманите се со посебна дневна зона, опремена кујна, клима уред, сателитска ТВ, телефон и тераса.
Гостите на хотелот Перла можат да го користат WiFi во зоната на рецепција и лоби бар, сеф на рецепција и 24-часовни медицински услуги кон медицинскиот центар на хотелот.
Секое утро во ресторанот на хотелот се нуди богат појадок на шведкса маса. При нарачка нудиме и дополнителни услуги: перење, пеглање, собна послуга и екскурзии.

Модерно опремени ресторан со 80 места нуди појадок, ручек и вечера со богат асортиман од здрави приготвени јадења - салати, предјадења, вегетаријански рецепти, морска храна, овошје и десерти, свежо цедени сокови, избор на локални вина, пиво, безалкохолни пијалоци и сл.
Лоби-барот е прекрасно место за освежувачки пијалок во жешките летни денови, како и за состаноци во пријатна и релаксирана атмосфера.

Гостите на хотелот Перла можат да поминат пријатни часови околу надворешниот базен на хотелот или да се опуштат во кабинетите за масажа на хотелскиот комплекс. На Ваше располагање се исто така електронски игри, билијард , фитнес апарати и фризерски салон.

Коментари



Вашиот коментар: