0 коментари

Еднодневен пакет со појадок + СПА во Хотел Пампорово*****

Хотел Пампорово има 209 простории на седум спрата- 5 еднокреветни соби, 168 двокреветни соби, 30 апартмани, 5 луксузни апартмани и еден претседателски апартман со вкупно 540 легла.
Хотелот е дизајниран да ги задоволи различните вкусови и потреби. Базата е погодна за сместување на гости со поинаква цел на патувањето: рекреативен планински туризам, спортски туризам - скијање, забавен, културен, конгресен туризам.
Хотелот располага со:
Два луксузни ресторани со 320 места, со одлична услуга и врвна  кујна.
Комфорниот  лоби бар со камин  нуди огромна разновидност на коктели и слатки.
Ноќниот бар е со 60 седишта, а за музиката се грижи професионален DJ. Атрактивните бармени нудат одлична бар презентација, која ги импресионира дури и најпретенциозните  клиенти.
Во ирскиот паб со 65 седишта можете да послушате ирска музика и да уживате во одличната кујна и разновидноста на ирското пиво.
Салата за куглање нуди еден поинаков начин да го поминете попладнето забавувајќи се  со пријателите.
Трговскиот центар нуди автентични бугарски сувенири за спомен од пријатниот престој.
Во хотелот можат да ги користите  услугите на фризерски салон, детска соба, билијард, куглана, сала за тивки игри, интернет сала, бесплатен паркинг и конференциска сала со 200 места, опремена со мултимедија.

Коментари



Вашиот коментар: