0 коментари

Делнични и викенд пакети со појадок и вечера во Комплекс Рибарската Куќа, Девин - Бугарија

Рибарската Куќа на своите гости им нуди топла минерална вода која извира од Беденскиот минерален извор за СПА третмани и природна изворска вода за пиење со одличен вкус. Ова допринесува за севкупно зајакнување на организмот, зголемен тонус, здравје и бодрост.
Хотелскиот дел на комплексот располага со 18 двокреветни соби, 4 апартмани и 2 VIP-апартмани.
Регионот на градот Девин се одликува со поволни климатски услови - меката зима обезбедува услови за скијање и свежо лето со голем број сончеви денови.
Во Родопскиот регион секој може да остане без зборови пред уникатните карпести феномени Чудните мостови, Слонот,Орфеевите карпи, Триградската и Бујновската клисура,  во мистичните и длабоки пештери Ѓаволско грло, Јагодинската Пештера, Ухловица, Надарска пештера, Ледницата, Орфеевата дупка. Овде Ве очекуваат "смарагдните очи" на Родопите - Смолјанските езера, тука можете да го почувствувате вековниот родопски дух во Танцувачката Гора, да се доближите до ѕвездите во Роженската опсерваторија и планетариумот во Смолјан, да слушнете прекрасна родопска музика на соборот во Рожен, да отпиете топла голтка Планински (Мурсалски) чај приготвен од гостопримливите родопчани ...
Ние ќе се потрудиме Вашиот одмор да биде незаборавно искуство!

Коментари



Вашиот коментар: