0 коментари

Еднодневен пакет со појадок во студио или апартман во Balkan Jewel Resort, Разлог

Комплексот располага со 160 пространи и модерно опремени студиа, еднокреветни  и двокреветни  апартмани (вклучувајќи и апартман за лица со хендикеп) со комплетно опремена кујна, балкон, подно греење, кабловска TV, бесплатен интернет, сеф и телефон. Сите заеднички делови во комплексот се достапни за лицата со хендикеп.

Вашата релаксација е исклучително важна за нас. Покрај пријатна атмосфера и спокојство во подножјето на Пирин планина ние нудиме и избор на СПА процедури со кои можете да се опуштите. Можете да ги комбинирате овие процедури со бесплатна посета на фитнес, сауна, парна бања или  зоната  за релаксација. Преку  лето на располагање е и надворешниот  базен и летна бавча од која се открива  неверојатен поглед кон Пирин планина и терените  за голф.

Кај нас ќе најдете пријатни места  за игра и забава, како за возрасни така и за деца - тенис и билјард маса, фудбал на маса, детско катче и игралиште. Располагаме со удобна сала за конференции, состаноци и настани на вашиот избор. Во ресторан ќе ве пречека вкусно и добро обучен  тим кој ќе ви понуди различни вкусни јадења од традиционалната бугарска и интернационална кујна (вклучувајќи и италијанска паста) и лимитирана селекција од бугарски вина, која ќе ги задоволи секој префинет вкус.

За да обезбеди удобност на своите гости Balkan Jewel Resort нуди бесплатен редовен транаспорт до терените на  Пирин Голф, до Разлог  и почетна станица на жичарницата во Банско. Можеме да организираме еднодневни екскурзии до атракции во регионот и подалеку, незаборавни искуства како рафтинг, посети на пештери, јавање, риболов, Пејнтбол, излети  во планината, планински тури, планински велосипедизам, ATV и оф роуд излети, туристички летови со Делтапланер, лекции по скијање  и голф и др.
Среќни сме да ви посакаме добредојде  како наши гости!

Коментари



Вашиот коментар: