0 коментари

Еднодневен делничен пакет за двајца на база All Inclusive Light + Fish Spa во Хотел Селект****, Велинград

СПА Хотел Селект располага со 77 простории за сместување, од кои 47 стандардни соби/ 14 соби со два посебни кревети, 33 соби со спална, 29 луксузни соби / 19 со два посебни кревети, 10 спални и 1 ВИП апартман. 19 од луксузните соби имаат трет дополнителен единечен кревет / + софа фотеља, а во бањите - туш / туш кабина или када.
Комфорните хотелски соби во хотелот се опремени со: Широкопојасен кабелски интернет,
LCD TV со сателитски канали, минибар, директна телефонска линија, системи за електронско заклучување, противпожарен систем, паник копче при потреба. Повеќето од собите во хотелот се со тераса.
Спа центарот на хотел Селект ги покрива стандардите за дизајн и квалитет според барањата за 4 ѕвезден спа хотел и нуди сеопфатна грижа за обновување на телото и релаксација. Опремата на спа центарот е најсовремена и вклучува базен со полуолимписки димензии полн со минерална вода, детски минерален базен, џакузи на отворено, туш на задоволство, соба за релаксација со топли кревети, лакониум, руска бања, амам и солариум. Предавајќи се на задоволството од професионалните услуги понудени во спа центарот на хотелот Селект Вие ќе имате можност да избирате меѓу широк избор на терапии како хидроминерални терапии со ароматични масла и термални соли, класичин и лековити масажи, терапии со медицинска козметика, чоколадна и геотермална терапија, широдхара и ориенталскии пилинг со пенлива масажа.

За луѓето кои го сакаат спортот или само за забава на гостите хотелот располага со богата спортска база вклучувајќи  куглана, терени за тенис, мини голф, одбојка на плажа, плажен бадминтон, велосипеди и ATV.

СПА Хотел Селект има ресторан на два спрата со градина, незаборавен поглед и луксузна ВИП сала, лоби бар со тераса, Пури бар, Бар - базен и Пијано бар. Ресторан "Селект" – Луксузен амбиент, префинета  кујна, соодветна услуга, сето ова можете да го почувствувате единствено посетувајќи го ресторанот кон СПА Хотел Селект.
Со традиционалната бугарска и европска кујна ресторанот ќе ги задоволи дури и најпрефинетите и капризни вкусови. Капацитетот на ресторанот е 150 места, а во текот на топлите месеци можете да се восхитувате на неверојатната глетка од нашата отворена тераса.
ВИП Ресторанот е Вашето местото, ако сакате да се почувствувате специјално, во интимна атмостфера, само вие со пријатели или едноставно на роматична вечера. (30 места)                 Скара + Веранда - во текот на летото и топлите месеци од годината можете да уживате во прекрасен поглед, вкусна скара и тематски вечери. (70 места) Лоби бар - богата разновидност од пијалаци и десерти во пријатна атмосфера (40 места).
Турско кафе на песок - вистинско турско кафе се служи во градината на СПА Хотел Селект.
Бар- базен- за практичноста на гостите СПА хотел Селект располага со Бар до базенот, кој нуди свежо исцедени сокови и коктели. (20 места).
Пијано бар - еден незаборавен финиш на вечерта со релаксирачка музика или Караоке во ретро стил. (60 места).
Конференциска сала Чепино има капацитет од 70 места и располага со озвучување и флип чарт. Конференциска сала Родопи е технички опремена со екран, озвучување, мултимедија, флип чарт и безжичен интернет. Салата нуди капацитет од 150 места.
Спа хотел Селект Велинград располага уште со VIP конференциска сала и 3 други конференциски сали за реализација на бизнис состаноци, конференции, корпоративни обуки и други. Сите конференциски сали се климатизирани и имаат можност да бидат аранжирани според потребите за конкретен настан. Конференциска сала 1 е опремена со безжичен интернет и флип чарт и има капацитет од 42 места.

Коментари



Вашиот коментар: