Одмор во Велинград - СПА Хотел Селект - Велинград

Еднодневен делничен пакет за двајца со појадок, ручек и вечера во Хотел Селект****, Велинград - Бугарија



Спа хотел Селект се наоѓа во Велинград - СПА престолнината  на Балканот, во подножјето на планината Родопи, недалеку од градскиот централен парк Клептуза и 7 минути од центарот на градот.
Погледот, која се отвора пред гостите на хотелот е кон зимзелената  шума  на Родопите, тешко може да се опише со зборови, туку треба да се види и да се доживее. Тука, небаре уште одекнуваат чекорите на Орфеј, а во воздухот се носат  нежните звуци на неговата харфа.

СПА Хотел Селект разполага со единствениот Аквапарк во Велинград и околината. Во Аквапаркот има детски минерален базен, 5 лизгалки, водна габа на уживањето, бар аквапарк и плажа со лежалки.

ЕДНОДНЕВЕН ДЕЛНИЧЕН ПАКЕТ: 5435 денари (88 €) - 50% = 2718 денари (44 €)
ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Ноќевање во двојна соба
  • Еден појадок
  • Еден ручек
  • Една вечера
  • Минерален базен со полу-олимписки димензии со минерална вода, детски базен, минерално  џакузи
  • Финска сауна
  • Парна бања
  • Ароматична парна бања
  • Леден туш
  • Туш на задоволството
  • Зона за релаксација со топли лежалки
  • Интернет Wi-Fi
  • Обезбедуван паркинг
  • Детско катче
  • Туристичка такса и осигурување

Спа хотел Селект располага со 2 тениски игралишта, со уникатна местоположба која Ви  овозможува да се потопите  во магијата на овој аристократски спорт, практикувајќи го во неверојатниот амбиент на Родопите! Игралишта располагаат со ноќно осветлување, што ги прави погодни за игра во секое време од денот.
Во Спа хотел Селект можете не само да гледате фудбал, но и  да станете дел од оваа возбудлива игра на теренот за мини  фудбал, опремен со ноќно осветлување!
А ако не сте  премногу по физички оптоварувања и тениското игралиште  не е вашата страст, но сепак сакате да спортувате, тогаш пинг понгот е вистинскиот спорт за Вас.
Спа хотел Селект има 2 билијард маси, флипери, пикадо, фудбал на маса и други популарни забавни игри.


Спа Хотел Селект располага со 76 соби, од кои 29 луксузни соби и 47 стандардни, еден претседателски и еден вице-претседателски апартман, целосно опремена конференциска сала со капацитет од 150 места, како и модерен прес-центар. Неверојатна глетка кон вечно зелената планина Родопи се открива од пространиот ресторан со летна бавча. Љубителите на музиката можат да поминат една удобна вечер во Пијано Барот  на хотелот.
Ресторан:
Луксузен амбиент, префинета кујна, соодветна услуга ... До сето ова може да Се допрете единствено ако го  посетите ресторанот на Спа хотел Селект. Со традиционална бугарска и европска кујна локалот може да го задоволи и најпребирливиот вкус. Предлагаме и   автентична Ерменска скара. Капацитетот на ресторанот е 150 места, како во текот на топлите месеци и летото може да уживате во спектакуларни погледи од летната градина на хотелот, додека се насладувате вкусни јадења, послужени од искусен персонал. • VIP Салата кон ресторанот е местото каде што може да се чувствуваат посебно, во интимна атмостфера, само вие со пријатели или едноставно на роматична вечера на свеќи!


На територијата на комплексот се наоѓа природен минерален извор од кој се напојува Спа центарот, изграден во префинет  стил на антички Рим, како и базен со полу-олимписки димензии, детски базен и џакузи. Сауната, парната бања, Руската бања и Лакониумот, Тушот на задоволството следени од Собата за релаксација ќе го направат вашиот престој во "Спа хотел Селект" незаборавен. Спортскиот центар располага со два тениски игралишта, фудбалско мини игралиште, сала  за  пинг понг, куглање и билијард.

Минерален базен
Хотелот им нуди на своите гости базен со полу-олимписки димензии и џакузи, кои се целосно напојувани  со минерална вода, температурата на водата варира помеѓу 28-30 степени во големиот  базен и меѓу 33-35 степени во  детскиот  базен. Обезбедено е присуството на спасител за спокојството на гостите. Во топлите месеци и летото на располагање на гостите на Спа хотел Селект се надворешни шатори, каде може во сенка да се восхитувате на околната природа.
СПА центар
СПА центар на хотелот располага со: Бесплатна SPA зона за сите гости на хотелот, која вклучува: Базен со топла минерална вода и лежалки, детски минерален базен, минерално џакузи, финска сауна, парна бања, ароматична парна бања, лакониум, соба  за релаксација со топли кревети, тераса со шатори (се користи во текот на летото); VIP SPA зона, која нуди различни хидроминерални терапии со ароматични  масла и минерални соли, класични и лековити масажи, медицинска козметика, џакузи, амам и др. Неоспокојувани   простории  за масажа и искусни професионалци ветуваат целосен одмор на сетилата и потполна дискреција. Интериерот на просториите во СПА центарот е целосно аранжирана  според концепцијата на различните класични и источни масажи и ритуали.
Креветот "Ceragem" е за комплетно слабеење, коешто што  прави длабока термомасажа преку инфрацрвена топлина и зраци кои навлегуваат на 8 см.  длабочина и ја подобрува крвната циркулација, како сеопфатно така и локално. За целта се користи полускапоцен камен жад (jade), кој ги  обновува клетките, го ослободува телото од  токсините, го намалува стресот и болката, и предизвикува слабеење.
Времетраењето на една процедура е од 15- до 90 минути, но препорачливо е времетраење од 10-15 минути  во вредност  од 5 €.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Собите се во ограничен број.
  • Деца до 6 годишна возраст се сместуваат бесплатно.
  • Деца од 6 до 12 годишна возраст  плаќаат 7.5 €  на ден за ноќевање со појадок, ручек и вечера.
  • Деца над 12 години или трет возрасен плаќаат фиксна цена од 20 € со појадок, ручек и вечера.
  • Максималното сместување во двојна соба е двајца возрасни и две деца.
  • Сместување во хотел САМО во Недела е по 15.00 часот
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепцијата во хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 05 јануари до 29 февруари 2016 година.
  • Потребна е претходна резервација пред купување на тел: +359 888/84 86 60; +359 882/25 55 25; или е-mail: [email protected]и потврда на резервацијата по купување на ваучер такашто ќе го издиктирате кодот на ваучерот.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

СПА Хотел Селект - Велинград

СПА Хотел Селект****
Гр. Велинград
Ул. Еделвајс №5
Тел: +359 ******
Моб: +359 ******

Моб: +359 ******
E-mail: [email protected]
Facebook: SPA Hotel Select
Website: www.spahotelselect.com

ВИП Понудата е предоставена од нашиот партнер - СПА Хотел Селект****, Велинград

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 05.01.2016 до 29.02.2016

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.