All inclusive во Арбанаси Бугарија - Хотелски комплекс Перла - Арбанаси

Еднодневен пакет на база All Inclusive Light во Хотелски комплекс Перла, Арбанаси



Хотелски комплекс "Перла" се наоѓа во туристичко село со карактеристична преродбенска архитектура Арбанаси, во близина на Велико Трново – старата престолнина на Бугарија. Комплексот е олицетворение на континуитетот меѓу модерната атмосфера на новиот век и преродбенскиот дух зачуван во селото. Арбанаси е убаво место, кое ги пленува своите гости со убави архитектонски креации. Престојот кај нас ќе се насладите на спокојство, ќе се оддалечите од бурното секојдневие на градот и ќе се препуштите во атмосфера на целосна релаксација.

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 1106 денари (18 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

  • Ноќевање во двокреветна соба
  • Исхрана на база All Inclusive Light
  • Користење на надворешен базен (при соодветни временски услови)
  • Интернет во заедничките делови на хотелот
  • Паркинг
  • Туристичка такса

Хотелот располага со 16 двокреветни соби и 2 апартмани.
Собите се со бања, мини бар, кабловска телевизија, интернет, клима уред и тераса.
Во внатрешниот дел таверната располага со 100 места, а во летната градина со надворешен базен има уште места за нашите гости.
Местоположба и знаменитости:
Село Арбанаси е лоцирано во непосредна близина на средновековната бугарскапрестолнина Велико Трново. Основано во 15 век од православни Грци, Албанци и Бугари населбата го достигнува својот процут во 17 век. Поради необичниот шарм, уникатни архитектонски споменици и благопријатната клима, во 1921г. со царски указ село Арбанаси е прогласено за одморалиште, а во 2000 година за "Историска населба" од национално значење. Куќите со над 300 годишна историја се зачувани во автентичен вид и импресионираат со неповторлива архитектура, дрворезбарство и уметнички фасадни орнаменти. На територијата на селото Арбанаси се зачувани 5 цркви и 2 манастири изградени и фрескоописани во крајот на 16 и почетокот на 17 век. Во манастирот Успение Богородично се чува една од чудотворните икони на Божјата Мајка. Село Арбанаси нуди единствена можност за непосреден допир до вистински ремек-дела во архитектурата, интериерниот дизајн и црковното сликарство од 16 - 17 век.

Услови на понудата

  • Ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при сместени двајца возрасни.
  • Деца до 2.99 години се сместуваат бесплатно.
  • Деца од 3 до 11.99 години плаќаат 50% од цената за возрасен.
  • Трет возрасен купува Ваучер.
  • Дoплата за сместување во апартман - 10 € на вечер.
  • Сите доплати се вршат на рецепцијата на хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 10 jули до 22 декември 2017 година.
  • Потребна е претходна резервација пред купување тел : +359 882/ 21 49 20 или +359 889/ 22 00 49 и за потврда на резервацијата ваучерот се испраќа на e-mail: [email protected].
  • Видете ги сите општи услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотелски комплекс Перла - Арбанаси

Арбанаси, Р. Бугарија
Тел: +359 ******
Тел: +359 ******
E-mail: [email protected]

ВИП Понудата е обезбедена од Хотелски комплекс „Перла”

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 10.07.2017 до 22.12.2017

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.

Програма All inclusive light:
Појадок: од 07:30 до 10:00 ч. со следното мени: кашкавал, сирење, колбаси, путер, џем, мед, леб, чај или сок;
Ручек: од 12:00 до 14:00 ч. со следното мени: супа или таратор, основно јадење, десерт, леб, чаша пиво, чаша вино или јогурт;
Попладневна ужина: од 15:30 до 16:30 ч. со следното мени: слатки или сендвичи, сок;
Вечера: од 19:30 до 21:30 ч. со следното мени: основно јадење, салата и десерт.

ВАЖНО: Пијалоци се предлагаат само по време на појадок и ручек!

Исхраната е по претходно одредено мени!