Наградна игра - Балнео СПА Хотел Свети Спас

Освоете дводневен одмор за двајца во СПА престолнината на Балканот во Балнео Хотел Свети Спас*****, Велинград



Балнео СПА Хотел Свети Спас - најновиот петѕвезден балнеокомплекс во Бугарија, целосно напојуван со минерална вода.

Хотелот е лоциран во истоимената уникатна  месност, на крајот на градот Велинград, во долината на Чепинска река , меѓу ридовите со вечно зелена борова шума, опширни  кадифени ливади, кристално сино небо и јужно родопско сонце - планината на Орфеј. Едно земно катче благословено со лековит дар што е  познато уште од антиката и има изградени римски и турски бањи, а подоцна е опишано и во патеписите на Алеко Константинов и Иван Вазов. Тука, блиску до балнео хотелот е најголемиот извор  во градот - Радонова бања и едно од чудата на бугарската природа - карстниот извори Клептуза - најголемиот карстен  извори на Балканот.

Добитник на наградата е Александар Бојаџиев!

ДВОДНЕВЕН СПА ПАКЕТ:
ВИП ваучерот е за одмор за две лица и вклучува:

  • Две ноќевања во двокреветна соба
  • Два појадоци на шведска маса
  • Една водна СПА процедура: ароматична бања, масажа со апарат на стомачна област, лимфодренажа на долни екстремитети, Шиацу масажа, делумна луготерапија 
  • Користење на базен со минерална вода и џакузи со минерална вода
  • Детски минерален базен
  • Сауна
  • Парна бања
  • Релакс зона
  • Фитнес
  • Интернет
  • Детско катче
  • Осигурување
  • Паркинг
  • 10% попуст на потрошувачката во рестораните на хотелот
  • 10% попуст на цените на СПА центарот

Хотелскиот дел на комплексот располага со 105 двокреветни соби, 4 VIP студиa и 115 луксузни апартмани – со атрактивни како дизајн и по боја решенија, со божествени глетки и на југ, и на север кон величествените Родопи. Сите простории во хотелот се опремени со LCD телевизор, мини бар, интернет, сателитска, телефон во бања и соба.
Отворен и затворен паркинг со 120 места. СПА хотелот ги содржи следниве зони: зона за одмор и рекреација која вклучува основен ресторан со 300 места, ресторан-тераса - 100 места, кафе-тераса - 50 места, бар-ресторан Панорама - 80 места, лоби-бар - 60 места, компјутерска сала, детско катче, сала за фитнес, салон за убавина, туристичко биро. Бизнис зоната  вклучува бизнис центар и две конференциски сали со капацитет 30 и 200 места. Салите располагаат со флип чарто, екрани и  мултимедија плеери. Wellness зона- вклучува голем и мал (детски) затворен базен со минерална вода, финска сауна, сауна со хромотерапијата, парна бања, сала за релакс, Фреш и Витамин бар. СПА зоната вклучува 2 кабинети за козметички третмани, 15 соби за масажи и 6 простории со кади, египетска бања, турска бања, солариум.

Услови на понудата

  • Период на спроведување на наградната игра: од 19 март до 25 април 2019 година.
  • Во лотаријата имаат право да учествуваат сите регистрирани корисници на сајтот www.VIPponuda.com
  • Процедура за учество: Секој кој сака да учествува во лотаријата, треба да се регистрира на сајтот и да направи барање притискајќи го копчето "Купи сега".
  • Едно лице може да се регистрира за учество само еднаш.
  • Учеството во лотаријата не е поврзано со купување, плаќање или каков и да е друг ангажман од страна на учесникот.
  • Главната награда на наградната игра е ВИП ваучер за одмор за двајца. Добитникот на наградниот ВИП ваучер ќе биде одреден по случаен избор на 26 април 2019 година.
  • Учесник во играта, којшто ќе добие награден ВИП ваучер согласно овие услови и правила нема право на замена со паричен еквивалент на наградата.
  • Со нарачкка на ваучер за 0 денари и согласност да учествувате во наградната играт декларирате согласност дека VIPponuda.com има право да ги процесуира Вашите податоци и доколку Вие освоите награда да го објавиме Вашето име.
  • Валидност на ваучер: Наградата можете да ја искористите во периодот од 29 април до 30 декември 2019 година.
  • Наградата не можете да ја искористите на датумите, кои се официјални државни празници.
  • Понудата важи за ограничен број на промотивни простории. Хотелот има право да одбие резервација при исцрпување на овие простории за конкретен датум.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Балнео СПА Хотел Свети Спас

Балнео СПА Хотел Свети Спас
Гр. Велинград, Р. Бугарија  

Ул. Никола Вапцаров № 97
E-mail: [email protected]
Тел: +******
Моб: +******

Website: www.svetispas.com

ВИП Понуди со попуст за одмор за двајца од Балнео СПА Хотел Свети Спас*****

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 29.04.2019 до 30.12.2019

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.