0 коментари

Пакети со појадок, ручек или вечера + новогодишен пакет во Рачев Хотел Резиденс****, Арбанаси - Р. Бугарија

Со своите 46 двокреветни соби и студиа и 2 апартмани, поделени во четири меѓусебно поврзани згради и внатрешен двор со специјално хортикултурно уредување, хотелот ги нуди сите удобности за одмор или бизнис средби. Секоја соба располага со минибар, сателитска TV, телефон, клима уред, бесплатен широкопојасен Wi Fi интернет пристап, интерактивна хотелска презентација, пристап до собата со чип картичка.
Изграден во стилот на 16 век, комплексот создава атмосфера на комфор, дискреција, мир и спокојство. Комбинација од затворен ресторан со камин, надворешна скара со фурна и ражен им овозможува на гостите да релаксираат и пробаат различни стари традиционални и европски јадења.
Со своите 180 места, природна светлина и мултимедијални опрема конференциската сала е најголемата во Арбанаси и регионот.
Велнес центарот вклучува 20 метарски надворешен базен, саунa, турска бања, фитнес сала, зона за релаксација, кабинети за масажа и специјалисти, кои ќе Ве консултираат и олеснат во изборот на соодветните третмани.

Коментари



Вашиот коментар: