FAQ

Како да се регистрирате на www.VIPponuda.com?

Можете да се регистрирате на нашата Веб страна брзо и едноставно со неколку лесни чекори:

1. На страната на www.VIPponuda.com кликнете на линкот за Регистрација (во горниот дел на веб страната).

2. Внесете ги Вашите податоци во полињата, вашата e-mail адреса, телефон и лозинка. Маркирајте го полето "Ги имам прочитано и се согласувам со условите за користење на сајтот."

3. Кликнете на копчето "Регистрирај се".

Вашата регистрација е готова. За секакви прашања можете да не контактирате на [email protected]

Како да се најавите на www.VIPponuda.com?

1. Доколку сте регистрирани како корисник на  www.VIPponuda.com можете да се се најавите и да ги користите нашите услуги на следниот начин:   Во случај да кликнете на КУПЕТЕ /КУПИ СЕГА  ќе ви се појави страница за пријава - Регистрирани ли сте вo VIPPonuda.com?

2. Потребно е да ги внесете -еmail адресата и лозинката и да се кликне на копчето ВЛЕЗ.

3. Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, кликнете на линкот Заборавена лозинка? и испратете ни ја Вашата e-mail адреса, која сте ја користеле при регистрацијата. На вашата e-mail адреса ќе пристигне нова генерирана лозинка која ќе може да ја искористите за влез на Вашиот кориснички профил.

Како да купувам на Веб страната на www.VIPponuda.com?

Само кликнете на копчето "купи" додека е активна понудата. Следно што треба да направите е да одберете некој од начините на плаќање (дали со платежна картичка или со уплатница). По успешното купување ќе ви го испратиме ваучерот на Вашата email адреса и во делот "Мои ваучери" на Вашиот профил на VIPponuda.com од каде ќе можете да ги испечатите на хартија или да ги прочитате и запишете кодовите од ваучерите за да можете да ги искористите.

Што ако немам принтер?

Не грижете се. Доколку немате принтер едноставно покажете го купонот на мобилен телефон, таблет, или доволно е да го запишете уникатниот код на ВИП Ваучерот и да го приложите кај трговецот за да го искористите попустот од понудата. Поголемиот број од нашите партнерите со коишто работиме доволуваат и користење на купоните со покажување од мобилен телефон, (за секоја ВИП понуда која ја предлагаме, има прецизирани јасни правила и услови за употреба )но за да се осигурате може да прашате при резервацијата во самиот хотел. Не заборавајте дека можете да се обратите до нас во секое време на некој од нашите телефони или на [email protected]

Можам ли да купам ВИП Ваучер како подарок за некој друг?

Да, се разбира. Можете да подарите ВИП Ваучер на Ваш пријател или Сакан. Кликнувајќи на копчето "Подарете",  на понудата која сте ја одбрале, ќе се отвори прозорец, во којшто треба да го напишете името на лицето на кое ќе го подарите ваучерот. На Ваучерот не е напишан ниту попустот ниту вредноста на ваучерот кој се поклонува, само кратко инфо за услугата/производот. Ваучерот можете да го подарите on-line преку праќање e-mail или да го испечатите и подарите. Во секој случај ќе добиете потврда дека вие сте купувачот на ВИП Ваучерот. Сите ваучери се преносни.

Можам ли да го комбинирам мојот ВИП Ваучер со други понуди?

Не! Освен доколку не е наведено поинаку во условите за користење на понудата.


Дали купувањето преку www.VIPponuda.com е безбедно?

Апсолутно. Работиме по најбезбедните светски стандарди за on-line групно пазарување во интерес на нашите клиенти.

Дали ВИП Понуда има достап до податоците на мојата платежна картичка?

Не. Бројот од Вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време бројот на Вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер, и ВИП Понуда во ниеден момент нема никаков достап до било какви информации поврзани со вашата платежна картичка.

Можам ли да вратам ВИП Ваучер?

Се разбира. Сегогаш стоиме на страната на нашите клиенти. Ќе ви помогнеме доколку нешто не е во ред со Вашиот ваучер или доколку трговецот кој сте го посетиле со ваучерот не ви ја даде услугата. Се што треба да направите е да не известите на време...

Што ако трговецот што ја предлага услугата за мојот ВИП Ваучер банкротира?

Доколку се случи нешто вакво што ќе Ве спречи искористите Вашиот ваучер, ние ќе целосно ќе Ви ги вратиме парите.

Имам други прашања?

Доколку имате други прашања или дилеми, контактирајте не во секое време на нашата e-mail адреса [email protected], или на некој од нашите телефони. Со задоволство ќе Ви одговориме.