Општи услови на Affiliate програмата на VIPponuda.com
Услови на AFFILIATE програма
Општи услови на affiliate програма на VIPponuda.com -"ВИП ОФЕРТА БГ" ООД
Актуелниот договор за affiliate програма ("оперативен договор за affiliate програма") ги содржи условите со кои се уредува учеството во affiliate програма на "ВИП ОФЕРТА БГ" ООД. При желба на една од двете страни Договорот за affiliate партнерство со "Вип Понуда" може да се склучи во писмена форма, такашто ќе се состави и потпише во два еднакви примероци - по еден за секоја од страните.
ШТИКЛИРАЈЌИ ГО ПОЛЕТО УКАЖУВААТЕ ДЕКА СЕ СОГЛАСУВАТЕ И СТЕ ЗАКОНСКИ ОБВРЗАНИ СО УСЛОВИТЕ НА AFFILIATE ДОГОВОРОТ ПО СИЛА НА ЗАКОНОТ НА ОБВРСКИ И ДОГОВОРИ, И АКО ПРОДОЛЖИТЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ СО ДОГОВОРОТ ПО МЕНУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО РЕВИДИРАНИТЕ ОПШТИ УСЛОВИ. (А) ОПЕРАТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА AFFILIATE ПРОГРАМА СЕ СКЛУЧУВА ПОМЕЃУ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА ОД ЕДНА СТРАНА И "ВИП ОФЕРТА БГ" ДОО ОД ДРУГА СТРАНА; (Б) ОПЕРАТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА AFFILIATE ПРОГРАМА ЦЕЛОСНО ГИ РЕГУЛИРАЊЕ ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ ВАС И "ВИП ПОНУДА БГ" ВО ВРСКА СО AFFILIATE ПРОГРАМАТА , СО ШТО ИСКЛУЧУВА СЕКАКОВ ВИД ДРУГИ СПОГОДБИ И УСНИ ДОГОВОРИ; (В) ВИЕ ИЗЈАВУВАТЕ ДЕКА ИМАТЕ ЗАКОНСКО ПРАВО И СТЕ ПРОПИСНО ОВЛАСТЕНИ ДА БИДЕ ОБВРЗАНАИ ПРЕКУ ОВОЈ ДОГОВОР.
Чл. 1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА AFFILIATE ПРОГРАМА:
1.1. Договорот за affiliate програма ги содржи содржи условите со кои се регулира учеството на AFFILIATE партнер во affiliate програма на "ВИП ОФЕРТА БГ" ООД, која управува со платфора базирана на интернет со домен http: //www.VIPponuda.com. Целта на affiliate програмата е да овозможи на affiliate партнери да промовира производи под условите на Договор за affiliate програма на сопствен веб-сајт и да заработува процент од рекламни такси за набавки направени од крајните корисници. ВИП ПОНУДА обезбедува подготвен рекламен материјал на affiliate партнерите, кој ќе биде објавен на интернет-страницата на affiliate партнерите и ќе служи како активна функционална врска, која ќе води директно до интернет-страницата на ВИП ПОНУДА и / или кон други (Landing pages ) страници на ВИП ПОНУДА, кои евентуално би биле изградени во врска со маркетинг кампања во соработка со affiliate партнерите.
1.2. Договорот за affiliate програма го регулира целосно односот помеѓу
affiliate партнерите и ВИП ПОНУДА во врска со affiliate програмата на "ВИП ПОНУДА, која ги исклучува сите други спогодби и усни договори од секаков вид.
Чл. 2. РОК НА ДОГОВОРОТ ЗА AFFILIATE ПРОГРАМА
2.1 Договорот за affiliate програма со ВИП ПОНУДАсе склучува за период од 3 (три) месеци.
2.2 Договорот за affiliate програма со ВИП ПОНУДА може да биде прекинат во секое време од двете страни еднострано со 5 (пет) дневна претходна официјална најава.
2.3 Договорот за affiliate програма со ВИП ПОНУДА автоматски ќе биде обновен за период од следните три месеци, освен ако ВИП ПОНУДА и affiliate партнерите не се договорат поинаку во писмена форма.
Чл. 3. ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ И / ИЛИ РЕКЛАМИ
3.1 По потпишувањето на овој Договор affiliate партнерот изложува промотивни материјали и / или промотивни реклами на сопствениот сајт. Промотивните материјали и промотивни реклами се линкови до интернет страната на ВИП ПОНУДА, кои се ставаат на сајтот на affiliate
Партнерите во согласност со овој Договор.
3.2 Рекламните материјали се обезбедени од ВИП ПОНУДА. Промотивните материјали и промотивни реклами содржат специјални линкови и овозможуваат прецизно следење, известување и сметководство на таксите за рекламирање.
3.3 Affiliate партнер може да заработи такси од рекламирање настанати директно преку специјални линкови, само по начин како што е опишано во чл. 7 од овој Договор и само во однос на активностите на сајтот на ВИП ПОНУДА.
3.4. ВИП ПОНУДА нема обврска да исплаќа такси за реклама, ако affiliate партнерот не успее правилно да ги форматира линковите на неговиот сопствен сајт кон сајтот на ВИП ПОНУДА. Ова важи, вклучително до степен дека овој пропуст може да доведе до намалување на износот за реклама, којашто такса инаку би била платена согласно овој договор.
3.5 ВИП ПОНУДА се обврзува да овозможи пристап на affiliate партнерите до мониторинг системот за следење (дел од affiliate -платформата), преку која affiliate партнерот ќе биде во можност да го следи бројот на регистрираните корисници генерирани како негови affiliate -корисници, како и за друга информација.
Чл.4. УСЛОВИ НА AFFILIATE ПРОГРАМА НА ВИП ПОНУДА
4.1 Со учеството во affiliate програмата, affiliate партнерот се согласува дека ќе ги почитува одредбите на овој договор во целост.
4.2. Affiliate партнерот предоставува секаквов вид информација што може да биде побарана од ВИП ПОНУДА, за да се провери усогласеноста на активностите на affiliate партнетот спрема договорот. Ако од страна на ВИП ПОНУДА се утврди дека affiliate партнерот не постапил согласно со некое барање или ограничување, регулирано со договорот, или дека на друг начин го прекршил овој договор, ВИП ПОНУДА може (во прилог на сите други права или средства за правна заштита кои се достапни) да го раскине Договорот.
4. 3. Affiliate партнерот ги предоставува следните права на ВИП ПОНУДА:
4. 4. Да праќа Е-МАИЛ пораки поврзани со договорот;
4.5. Да ги следи, евидентира, користи и открива информации за сајтот на affiliate партнерот и посетителите на овој сајт, која е добиена во врска со презентираните Рекламни материјали и Рекламни огласи во сајтот на affiliate партнетот(на пример, дека одредени клиенти на ВИП ПОНУДА кликнале преку посебен линк од сајтот на affiliate партнери пред да купат одреден производ на сајтот на ВИП ПОНУДА), во согласност со законот за Заштита на личните податоци.
Чл. 5. ОДГОВОРНОСТИ НА AFFILIATE ПАРТНЕРИТЕ ВО ВРСКА СО СОПСТВЕНИТЕ САЈТОВИ
5.1. Affiliate партнерот е единствено одговорен за сајтот со кој учествува во affiliate програма на ВИП ПОНУДА, вклучително за неговиот развој, работење и одржување, како и за сите материјали кои се објавуваат во него.
5.2. Affiliate партнерот е одговорен за техничката експлоатација на сајтот со кој учествува во affiliate програма и секоја поврзана со него техничка подршка;
5.3. Affiliate партнерот е одговорен за создавање и објавување на материјали во сајтот на affiliate партнерот, како и обезбедување на точност, комплетност и соодветност на материјалите објавени на сајтот на affiliate партнерот (вклучувајќи ги сите описи и други материјали поврзани со производот, како и секаква друга информација која се вклучува во сајтот или асоцира со посебни линкови);
5.4 Affiliate партнерот е одговорен за користење на содржината на сајтот или сајтовите вклучени во affiliate програмата со ВИП ПОНУДА на начин кој не ги нарушува правата на ВИП ПОНУДА, како и оние на кое било друго физичко или правно лице (вклучувајќи ги и авторските права, трговски марки, заштита на личната приватност, публицитет или други права на интелектуална сопственост или права на сопственост);
5.5. Affiliate партнерот е одговорен за почитувањето на Законот за заштита на личните податоци.
5.6. Affiliate партнерот е одговорен за секое неовластено користење на рекламните соопштенија кои се објавуваат на сајтот со кој учествува во affiliate програмата, дури и ако не е експлицитно наведено во Договорот.
Чл. 6. ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ И НАРАЧКИ
6.1. ВИП ПОНУДА ги обработува информациите за нарачките доставени од клиентите кои ги следат специјалните линкови од сајтот на affiliate партнерите кон сајтот на ВИП ПОНУДА. ВИП ПОНУДА го задржува правото да одбијат договори кои не се во согласност со сите барања на сајтот на ВИП ОФЕРТА, бидејќи тие можат да бидат ажурирани од време на време. ВИП ПОНУДА следи за Квалифицираните Набавки (дефинирани во чл. 7) за целите на известување и рекламирање и за наплатување на должените такса.Целатокупната информација за Квалификуваните Набавки ќе биде достапна на сајтот на ВИП ПОНУДА.
6.2. Секој индивидуален пристап до страниците на ВИП ПОНУДА преку рекламен оглас
(Link) на страниците на affiliate партнери активира "Kолаче" (Cookie) на компјутерот на affiliate корисникот.
6.3. Правото на провизија за affiliate партнер е во согласност со утврденото,
"Време на живот на колачето" (Cookie life time) и валидноста на договорот за affiliate партнерство. Времето на живот на колачето е 3 месеци, како оваа важење автоматски се обновува за период од следни три месеци, секој пат кога affiliate -корисник дојде на интернет страницата на ВИП ПОНУДА повторно преку интернет страницата (ите) на affiliate партнерите.
6.4 Во периодот на дејство (живот) на функцијата "колаче" (cookie life time), affiliate партнерот реализира провизија од сите купувања * на неговите affiliate-корисници, без разлика дали тие влегуваат на страната на ВИП ОФЕРТА директно или преку интернет-страницата (ите) на affiliate партнерите. Тоа продолжува до моментот во кој актуелниот договот е во сила.
6.5. Affiliate –системот во моментов функционира на принципот "Last cookie wins", што значи дека правото на провизија за реализираните набавки од еден affiliate -корисник ќе се пренасочува кон последниот affiliate -партнер во синџирот, преку интернет-страницата на кого истиот affiliate -корисник последно влегол на страната на ВИП ПОНУДА, од моментот во кој тоа се случило.
6.6 Во случај кога корисникот е дојден на сајтот на ВИП ПОНУДА, преку affiliate партнер А, тој ќе биде отчитан преку "колаче", кое го регистрира и идентификува како affiliate -корисник на affiliate -партнер "А".
6.7 Во случај дека истиот affiliate -корисник меѓувреме посети сајтот на ВИП ПОНУДА преку интернет страницата на affiliate -партнер "Б" - сите наредни (од тој момент натаму) купувања на овој affiliate -корисник ќе бидат регистрирани за affiliate -партнер "Б" и т.н. (на принцип на презапишување на "колачиња" – (Overwriting).
6.8 Приходи за affiliate партнери се реализираат, при нарачка од страна на корисник, којшто корисник е стекнат како директен резултат од affiliate партнерството со ВИП ПОНУДА.
Чл. 7. НАДОМЕСТОЦИ И ИСПЛАТА
7.1. Системот за утврдување на надоместоците (провизијата) за услугите на affiliate -партнер е структурирана на следниов начин:
7.2. За секое купување на производ или услуга (под условите на чл.7.2), која се реализира од страна на affiliate -корисникот, ВИП ОФЕРТА се обврзува да исплати на affiliate партнерот одреден процент - 7,5% од нето приход (ОД цената на купените понуда) генерирани како последица на affiliate соработката.
7.3. ВИП ПОНУДА го задржува правото на еднострана ревизија и промена на наведениот процент во точка 7.1.1 на affiliate провизија, како надоместок за affiliate партнери за понуди - производи / услуги со специфична цел и такви, поврзани со одредена маркетинг активност.
7.4. На секој 15-ти во месецот, во времетраењето на договорот, affiliate партнерот се обврзува да врши анализа на приходите генерирани како резултат на соработката во претходниот месец. По одобрување на анализата на приходите од ВИП ПОНУДА, плаќањето се врши најдоцна десет дена по издавање на фактура од affiliate партнерите, со одобрени приходи од ВИП ПОНУДА.
7.5. Исплатата се вршат преку банкарски трансфер на соодветните од affiliate партнерот:
7.6. Партнерски сметки, со исклучок на случаите кога експлицитно и официјално не биде договорено поинаку:
Банка: ... филијала: ..., IBAN (MKD): ..., BIC: ... титулар: ...
7.7. За датум на плаќање се смета датумот на кој задолжената страна наредила неотповикливо плаќање на должената сума по сметката за дадениот момент.
ЧЛ. 8. ОБЈАВИ ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ ПРОСТОР И ОДНОСИ МЕЃУ AFFILIATE ПАРТНЕР И "ВИП ПОНУДА"
8.1 Affiliate партнерот нема право да организира огласи во општествениот простор, поврзани со соработкатата, регулирана преку овој договор, без да има експлицитни и писмена согласност на ВИП ПОНУДА. Affiliate партнерот не може да направи оглас, нарака во печатените медиуми или секаква друга јавна комуникација која е релевантна за Договорот или да изразува експлицитно или имплицитно каква и да е врска или однос со ВИП ПОНУДА или некое друго лице или правно лице во врска со овој Договор, освен во случај кога за тоа има експлицитна писмена дозвола во Договорот.
8.2 .Формираните односи при реализација на предметот на Договорот за affiliate програма меѓу одделните страни во суштина се деловни односи кои не се сметаат ниту за друштво (Граѓанско друштво) во смисла на одредбите на ЗЗД ниту за обединување на трговци (конзорциум ) во смисла на одредбите на ТЗ.
8.3 Affiliate партнерот нема право да рекламира со слични на демејнот vipponuda.com клучни зборови во платформи за платена реклама и Google AdWords.
Чл. 9 РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА AFFILIATE ПРОГРАМА
9.1. Договорот за affiliate програма може да биде раскинат во следниве случаи:
9.2. По желба на affiliate партнер, во случаи кога не се согласува со променети Општи услови;
9.3. По истекот на рокот договорен во делот 10 и изјава на двете страни изразени преку предвидените начини за официјална кореспонденција - 5 (пет) дена пред истекот на овој договор;
9.4. При желба на една од страните пред истекот на рокот договорен во делот 10 со 5 (пет) дневно предупредување, изразено преку еден од опишаните начини за официјална кореспонденција;
9.5. Во случај на неисполнување на основно задолжение на една од страните во договорот исправната страна може еднострано, без претходна најава да го раскине договорот;
9.6. При престанок на дејноста на секое едно од друштвата;
9.7. При објективна неможност за исполнување на задолженијата, договорот се раскинува по право.
Чл. 10. ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТА
10.1. ВИП ПОНУДА не носи одговорност за штета (вклучувајќи загуба на приходи, добивка, углед, податоци и др. / Настанати во врска со овој договор, дури и ако ВИП ПОНУДА е информирана за можноста за таква штета.
10.2. Оперативната програма на ВИП ПОНУДА, сите услуги поврзани со овој Договор, сите технологии, софтвер, функции, материјали, податоци, слики, текст и други информации и содржини што се предвидени или користени од ВИП ПОНУДА или негови партнери се предоставуваат "како што се".
10.3. ВИП ПОНУДА не дава гаранции, без разлика дали се јасни или имплицирани или по каков и да било друг начин во однос на понудените услуги. Исто така не гарантира дека предлаганитеуслуги ќе бидат континуирани, прецизни, без грешки и без штетни компоненти.
10.4. ВИП ПОНУДА не носи одговорност за грешки, прекини на услугата, включително прекинување на електричнате енергија, грешки во системот, неовластен пристап, загуба на содржина, штети или загуби од секаков вид.
Чл.11. ОПШТИ УСЛОВИ
11.1. Affiliate партнерот изјавува дека има законско право и има прописно право биде обврзан со овој договор.
11.2. Affiliate партнерот се обврзува да ги врати на изведувачот прописно оформениот Договор во рок од три дена од неговото поднесување.
11.3. Рокот за извршување на договорот се смета и започнува да тече од датата на следниот ден од неговото потпишување.
11.4.При настанување на спорови двете страни се обврзуваат првично да ги решаваат на добра волја по пат на преговорите и меѓусебно разбирање, и доколку не постигнат взаемна согласност, спорот да се адресира за решавање во суд.
11.5. За нерегулирани прашања во овој Договор се применуваат одредбите на Законот за обврските и договорите и важечкото законодавство.
11,6. Секое соопштение упатено од другата страна, се смета за валидно ако е испратено на актуелна адреса во писмена форма (со дојдовен број), со препорачана пошта со повратна расписка, со курир, по факс или електронска пошта.
11.6.1. За потребите на навремени комуникација помеѓу страните на договорот за Affiliate програмата, адресите за конверзација се прецизираат како што следува:
- Адреса за кореспонденција на Affiliate партнери:
Република Македонија, Гр ..., Општина "...", ул. "..." № ..., факс: ...; e-mail:
... @ ...;
- Адреса за кореспонденција на ВИП ПОНУДА:
Република Бугарија, гр. Бургас, п.к.8000, ул. Булаир № 33, факс: 056/840399; e-mail:
[email protected]
11.6.2. Секоја од страните на договорот е должна да веднаш ја извести другата страна за промени во адресите за кореспонденција, согласно т.11.6.2.
11,7. Дефиниции на технички термини што се однесуваат на овој договор:
1. "Страници, Сајт, Интернет сајт, веб-сајт" - (sites) интернет страници – веб-сајт, Фејсбук страница, фејсбук апликација, форум, блог и др.
2. "Колачиња" - (cookies) пакет информации, испратен од одреден веб-сервер за интернет прелистувач на соодветниот корисник. Истиот пакет информации се враќа од прелистувачот на соодветниот веб-сервер,секој пат кога тој добие пристап до овој сервер.
4. "Рекламни материјали / рекламен оглас" - различни форми на интернет рекламирање во форма на "Widget", банери, промотивен линк, пост, текстуален линк, статија и др.
4. "Affiliate-партнер" - управува (поседува) интернет страница (и) на кои објавува реклама за ВИП ПОНУДА, во замена за кое добива провизија, во форма на процент од нето (бруто) приходи кои произлегуваат по склучувањето на договорот за Affiliate партнерство.
5. "Affiliate - корисник" - Корисниците на интернет-страниците на affiliate -партнерот кои се пренасочени на страницата (ите) на "ВИП ПОНУДА", преку активна рекламна врска (Link) и извршат купување на страната на "ВИП ПОНУДА";
Корисниците на интернет-страниците на affiliate -партнерот кои ја посетуваат страната на ВИП ПОНУДА, по описи во претходната точка начин, кои не вршат купување веднаш, а во друг иден момент (дефиниран со животот на "колаче"), без разлика дали од овој момент натаму, ќе го посети сајтот на ВИП ПОНУДА директно или преку страниците на партнерот, но во случај ако во овој момент договорот за affiliate партнерство е во сила.
Податоците за овие корисници се евидентираат и чуваат како податоци за affiliate -корисници на affiliate партнерот со помош на "cookie" функција која се активира при првата посета на корисникот на интернет страницата на ВИП ПОНУДА, преку интернет страницата на affiliate -партнерот (без разлика дали корисникот извршил или не извршил купување)
ЗА ВИП ПОНУДА: ЗА AFFILIATE-ПАРТНЕР:
/........................................./ /........................................./