0 коментари

Еднодневен делничен или викенд пакет со појадок или со појадок и вечера + користење на СПА услуги во Апарт Хотел СПА Вита Спрингс - Бугарија

Апарт хотелот "СПА Вита Спрингс" располага со 12 апартмани со една спална, 20 двојни соби со опција за поединечно сместување. Сите соби имаат сателитска ТВ и Интернет конекција.Апартаментите се опремени со кујна. Бањите се опремени со туш и богата хотелска козметика.Гостите на хотелот може да уживаат базенот е со топла минерална вода, сауна, парна бања и џакузи, а летото лежалките и чадорите се бесплатни за клиентите на хотелот. Хотелот располага и со ресторан за 70 луѓе, и со летна градина за 40 луѓе.

На располагање на гостите на ХОТЕЛ "СПА ВИТА Спрингс" е пријатен ресторан со 50 места и летна бавча за 40 луѓе,каде што  предлагаме  вкусни специјалитети и богат избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци и вкусни слатки и колачи. Пријатната и тивка музика дополнително ќе Ве натера да релаксирате  и уживате во секоја минута помината кај нас.

Ресторанот е многу погоден како за ручек и вечера, така и за организирање на промоции, коктели, семејни прослави, студентски празници, корпоративни  прослави – тим билдинг, конференции и семинари.

Апарат ХОТЕЛ "СПА ВИТА Спрингс" располага со минерални базени, со размери од 10 на 20 метри со одвоен дел за деца, длабочината е од 1,30 до 1,50 метри,  и длабочината во детскиот дел 0,60 метри. Во лето базенот е отворен а преку  зима е покриен. Температура на водата во базенот e 29-33С.

Минералната вода е со докажани квалитети за спа третмани и превенција на хронично-воспалителни болести на локомоторниот апарат, како и за стари трауми - скршеници, исчашувања, модринки, ревматизам, хронични гинеколошки заболувања, воспалителни болести на нервниот систем, камења во бубрезите, болести на црниот дроб, желудникот, уролошки и кожни болести- акни, псоријаза, воспаление на дишните патишта, хронични труења со тешки метали и др.

Коментари



Вашиот коментар: