0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера + СПА во Апарт-Хотел Мурсалица, Пампорово - Бугарија

Хотел "Мурсалица" нуди сместување во 58 двокреветни соби, студиа, еднособни и двособни апартмани. Просториите се опремени со плазма телевизор, телефон, кујнски блок, бања со тоалет, фен, декорирани  во елегантен и класичен стил.
Прострниот скара-ресторан  кон хотел Мурсалица ви посакува добредојде. Уживајте во богатото  мени со традиционални бугарски јадења подготвени со многу љубов. Доживејте убави  моменти со чаша рујно вино. Ресторанот организира тематски вечери со родопска гајда и автохтони  родопски песни, но исто така и весели забавни вечери со DJ.
И сето тоа претставено  од страна на тим на искусни професионалци.

Лоби бар на хотелот е пријатно и удобно  катче, со пријатен  панорамски поглед кон боровите шуми пред хотелот. Каминот во центарот на просторијата го огрева местото и му дава топлина и предиспонира кон релаксација.
Нашето елегантно лоби е идеално место за средба со пријатели или бизнис партнери, на чаша ароматично кафе, квалитетен пијалок  или пак егзотичен коктел.
Ве покануваме да го посетите нашиот СПА центар, кој нуди првокласни услуги, само за вас!
Спа центар Мурсалица е прекрасна можност да се погрижите за Вашето здравје и добрата форма во пријатна атмосфера. Центарот  располага со затворен базен, мал фитнес, зона за топлотни третмани / финска сува сауна, арома сауна, парна бања, инфрацрвена кабина, ледено ведро /, индивидуална парна бања со затоплувачки кревет за процедури, различни терапии и масажи.
Уживајте, дозволете си подмладување на телото, умот и духот со ароматични масла, нежна музика и со внимателните  раце на нашите професионалци. Задоволство и спокојство за вашите сетила.
Додатоци : класична масажа, аромотерапија, терапевтска масажа, антистрес масажа, маска и масажа на лице, антицелулитни процедури и др.

Коментари



Вашиот коментар: