0 коментари

50% попуст на четиридневни пакети со појадок, вечера и лифт карта во Планинарски дом Безбог, Добриниште

Планинарскиот дом Безбог во зима е привлечна дестинација како за скијачи, така и за љубителите на планинската одмор, далеку од тензиите на градскиот живот. Зградата е многу топла, поради квалитетната топлинска изолација и локалното парно греење. Гостите можат да користат бесплатен безжичен интернет. Собите се со различен стандард, но одлично одржувани.
Кантината е сончева и работи без прекин во текот на целиот ден. Овде се сервираат различни готвени јадења, супи и скара, чај и кафе по пристапни цени. Одделно од неа може да се користи на самопослужување и со ангажман за чистење потоа, туристичка кантина со панорамска тераса.
До Безбог нема прооден пат во зима. Единствениот начин да се стигне до планинарскиот дом е преку користењето на ски-лифтот од планинарркиот дом Гоце Делчев. Сите гости мора да се сообразуваат  со работното време на жичарницата - од 8,00 до 16,00ч., со последно качување / симнување во 15,30ч.
Планината Пирин е опасна во зима. Не се препорачува зимско качување по околните на врвови на планинарскиот дом, поради опасноста од лавини, недостатокот на означени зимски правци кратките зимски денови и екстремните услови.

Коментари



Вашиот коментар: