Наградна игра - одмор за двајца во Бугарија - Хотел Extreme - Пампорово

Регистрирајте се за нашата наградна игра и добијте дводневен пакет за двајца во Хотел Extreme****, Пампорово



Добитник на Наградата за одмор во Хотел Extreme**** Пампорово е Antonio Naskov - 070 259 ***

Процедура за учество во наградната игра:
Секој кој сака да учествува во лотаријата, треба да се регистрира на сајтот и да направи барање притискајќи го копчето "Купи сега". Едно лице може да се регистрира за учество во наградната игра само еднаш.

Четириѕвездниот  хотел Екстрим се наоѓа во јужниот дел на туристичкото одморалиште Пампорово. Опкружен со густа зимзелени шума  со чист воздух, заситен со боров мирис инспирира искрено чувство на топлина и гостопримство и е  одлична комбинација на  идеална местоположба, модерни удобности и неповторлива услуга. Хотелот се наоѓа во центарот на еден од најубавите предели во Бугарија. Само неколку километри се наоѓаат пештерите Ѓаволски грло, Ухловица, Арамиска пештера  и Јагодинска пештера, Триградската клисура, како и прекрасните Смолјански езера.  Неповторливата  природа се дополнува од популарните и уникатни “Чудни мостови” кои се посебна  глетка особено во пролет, од Екопатеката  „кањон на Водопадите” , како и величествените Орфееви скали и кулата Снежанка! Во регионот е застапен и културниот туризам. Само на 30км. се наоѓа  Момчиловата тврдина, крепоста Заград, Асенова крепост, како и новоотворената за туристи висинска тврдина кај село Кошница, кои се едни од спомениците на тракиската култура во регионот. 

ДВОДНЕВЕН ПАКЕТ: 
ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Две ноќевања во двојна соба
  • Два појадоци
  • Две вечери
  • Базен
  • Фитнес
  • Сауна
  • Парна бања
  • Паркинг
  • Целодневна забава и анимација за деца
  • Безжичен интернет во целиот хотел
  • Трансфер до ски патеките со возен ред од хотелот
  • Туристички данок
  • 9% ДДВ
  • 20% попуст на цените за ски опрема

 

Хотелот нуди удобно сместување во 42 двокреветни соби и 6 луксузни апартмани распределени на 4 спрата. Секоја соба располага со централно греење, бесплатен интернет, мини бар, телефон, телевизор, фен, бања со када и балкон со прекрасен поглед кон Родопите.

На располагање на гостите на хотелот се елегантен ресторан, лоби бар, СПА центар, џакузи, фитнес, сауна, парна бања, затворен базен, рум-сервис, продавница, сала за билијард, салон за убавина, фризерски салон, детско катче, гардероба за скијање и бесплатен паркинг.

СПА центар Extreme нуди широк спектар на релаксирачки третмани, како и козметички процедури со ресторативен  ефект и благотворно влијание врз духот и телото.

Стил и удобност во комбинација со прекрасна локација и разновидност на хотелски услуги го издвојуваат хотел Extreme од другите искуства во Пампорово и го прават одлично место за една безгрижен одмор.

Услови на понудата

  • Период на спроведување на наградната игра: од 09 декември 2015 год. до 08 јануари 2016 година.
  • Во лотаријата имаат право да учествуваат сите регистрирани корисници на сајтот www.VIPponuda.com.
  • Процедура за учество: Секој кој сака да учествува во лотаријата, треба да се регистрира на сајтот и да направи барање притискајќи го копчето "Купи сега".
  • Едно лице може да се регистрира за учество само еднаш.
  • Учеството во лотаријата не е поврзано со купување, плаќање или каков и да е друг ангажман од страна на учесникот.
  • Главната награда на наградната игра е ВИП ваучер за одмор за двајца. Добитникот на наградниот ВИП ваучер ќе биде одреден по случаен избор на 08 јануари 2016 година.
  • Учесник во играта, којшто ќе добие награден ВИП ваучер согласно овие услови и правила нема право на замена со паричен еквивалент на наградата.
  • Со нарачкка на ваучер за 0 денари и согласност да учествувате во наградната играт декларирате согласност дека VIPponuda.com има право да ги процесуира Вашите податоци и доколку Вие освоите наградата да го објавиме Вашето име.
  • Валидност на ваучер: Наградата можете да ја искористите во периодот од 09 јануари до 01 јуни 2016 година.
  • Наградата не можете да ја искористите на датумите, кои се официјални државни празници.

Хотел Extreme - Пампорово

Хотел Extreme****
к.к. Пампорово, Р. Бугарија
Тел: +359 ******">******
E-mail: [email protected]
Facebook: Hotel Extreme - Pamporovo
Website:
www.hotel-extreme.bg
Skype: hotel_extreme

ВИП Понуди за одмор од нашиот партнер - Хотел Extreme**** Пампорово

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 09.12.2015 до 08.01.2016

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.