Oдмор на планината Рила, Бугарија - Семеен Хотел Искар

Еднодневен пакет со појадок и вечера во Хотел Искар, Говедарци - Р. Бугарија



Семеен Хотел Искар е лоциран во селото Говедарци, на 13 км од скијачките центри  Маљовица и Боровец. Хотелот е удобен почетен пункт за активен туризам во планината во секоја сезона. Областа нуди одлични услови за планински велосипедизам, off-road, сафари, планински премини (Седумте Рилски езера), планински маршрути  и излети, риболов, скијање и сноубординг.

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 948 денари (15 €)
ВИП ваучерот е за ЕДЕН човек при двојно сместување и вклучува:

  • Едно ноќевање во двокреветна или трокреветна соба
  • Еден појадок
  • Една вечера
  • Wi-Fi Интернет
  • Паркинг
  • Туристичка такса

Хотелот Искар работи во текот на целата година  и е погоден за семејства со деца, парови, организирани групи. Во секоја соба и апартман се обезбедени следниве удобности: телевизор со сателитска телевизија, бесплатен Wi-Fi интернет, модерно купатило, тераса, греење. Во прилог становите располагаат со одделен дневен престој и када во бањите. Семеен Хотел Искар ги искушува љубителите на добрата кујна и услуга со маестрално приготвени специјалитети и квалитетни вина, вешто послужени  во нашиот елегантен ресторан. Капацитетот на ресторанот  е 50 места во главниот салон. На располагање е и летна тераса со скара.
Секоја месност околу Говедарци го носи споменот за минатите времиња, шепоти стари легенди и преданија. Тука оставиле траги Траките и Словените, одовде поминале војниците на цар Иван Шишман и Цар Самоил, овде го разнесувале бугарското слово Пајсиј и неговите следбеници. Блискиот Рилски манастир е  неугасливо огниште  на бугарштината во темните векови на ропство, бил и останува упориште на духот на Бугарија.

Услови на понудата

  • Ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при двојно сместување.
  • Дете до 5 години се сместува бесплатно на дополнително легло.
  • За дете од 5 до 15 години се доплаќа 5 € на ден со вклучен појадок на рецепцијата на хотелот
  • Доплата за единечно сместување - 10 € на вечер.
  • Дозволени се мали домашни миленичиња до 5 кг со предходна резервација.
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепцијата на хотелот.
  • Сместувањето во хотелот е по 14 часот, а ослободувањето на просториите е до 12 часот.
  • Сместување во двокреветна соба - максимум 3+1.
  • Сместување во трокреветна соба - максимум 4+1.
  • Сместување во апартман - максимум 6 лица.
  • Валидност на ваучер: од 17 до 30 септември 2018 година.
  • Понудата не е валидна за официјалните празници.
  • Пред купување на ваучерот неопходна е претходна хотелска резервација на тел: +359 887/98 10 78.
  • Видете ги сите општи услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Семеен Хотел Искар

Хотел "Искар"
С. Говедарци, Р. Бугарија
Ул. Искар №61
Тел: +359 ******
E-mail: [email protected]

Website: www.hotel-iskar.com
Facebook: Hotel-Iskar

ВИП Понудата е предоставена од Семеен Хотел Искар с. Говедарци

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 16.09.2019 до 30.09.2019
За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.