Одмор во Сандански - Хотел “Колозео”

Еднодневен пакет со појадок во Бутик Хотел Колозео, Сандански



Бутик хотел "Колозео" е мал фамилијарен хотел лоциран во тивка локација во подножјето на Пирин на 1 километар од градот Сандански и открива неповторлива панорама кон планината. Со необична архитектура и тематска замисла хотелот ја пресоздава автентичната атмосфера на античкиот Рим. Стилот на италијанскиот шарм е оживеан преку фасадите на зградата и пренесен во ентериерот на ресторан "Медичи", салата кон ресторанот "Антика Рома" и уникатните соби, од кои секоја носи име на светски познати личности и места од античкиот Рим.
 

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: ВИП Цена: 932 денари (15 €)
ВИП ваучерот е за ЕДНО лице при сместени двајца возрасни и вклучува:

  • Едно ноќевање во двокреветна соба
  • Еден појадок 
  • Интернет
  • Туристичка такса
  • Паркинг

Одличната храна, кристално чистиот планински воздух, величествената глетка, која се открива и уникатниот стил на ресторан "Медичи", во комбинација со срдечниот, топел и пријателски однос, хо прават бутик хотел "Колозео" поразличен од сите други!

Хотелот е погоден за семејни одмори, така и за организирани настани, тимбилдинг, деловни состаноци, официјални коктели, семејни и свадбените церемонии. Хотелот располага со вкупно 13 соби, како дел од нив се со можност за дополнителни кревети и 1 апартман. Прилагодени се со современите критериуми за комфор и удобност и се опремени со самостојна климатизација, TV, безжичен интернет и санитарен јазол. Секоја од просториите располага со балкон, од каде се откриваат убави глетки кон величествената планина Пирин.

Ресторанот е посветен на познатото семејство Медичи, чиј претставници повеќепати ја управувале Фиренца помеѓу 12 и 16 век. Ликови на архиепископи, папи, кардинали, дукови од фамилијата Медичи се дел од светлиот ентериер со автентични кабинети со маси и столици од масивно дрво. Во прилог на ресторан Медичи, на располагање е сала "Антика Рома". Целосно заслужувајќи го своето име, сала "Антика Рома" го пресоздава духот на антички Рим. Патинираните оранжево- жолти ѕидови се исцртани со фрески, мурали и камени резби, а запалените факели потсетуваат на античките римски гладијатори и нивниот начин на живот. Во ресторанот можете да уживате во традиционалната бугарска кујна.

Услови на понудата

  • Ваучерот мора да се набави пред истекот на рокот на важност на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број ваучери.
  • Ваучерот важи за едно лице при сместени двајца возрасни, за минимум две ноќевања.
  • Деца до 3,99 години се сместуваат бесплатно без исхрана.
  • Деца над 4 години. или трет возрасен плаќаат 7.5 €  за еднодневен пакет.
  • Валидност на ваучер: од 01 април до 20 декември 2020 година.
  • Понудата не важи за прaзници!
  • Потребно е претходно хотелска резервација пред да купите ваучер на телефон: +359 884/12 02 42; +359 885/70 73 30.
  • Видете ги сите Општи услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотел “Колозео”

Хотел "Колозео"
Град Сандански, Р. Бугарија
Местност Поленица
Ул. Гушевица №3

Моб: +359 ******
Моб: +359 ******
E-mail: [email protected]
Website:
www.colosseo-bg.com

ВИП Понуда за одмор од нашиот партнер - Хотел "Колозео" гр.Сандански

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 01.04.2019 до 20.12.2020

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.