Одмор во Арбанаси, Бугарија - Хотел "Изворот" Арбанаси

50% попуст на еднодневен делничен пакет со појадок и вечера во Хотел Изворот, Арбанаси - Бугарија



Хотел Изворот се наоѓа во централниот дел на селото Арбанаси. Целосно изграден во традиционалниот арбанашки стил, хотелскиот комплекс вешто ги комбинира старата зграда со 150 годишна историја и двете новоизградени архитектонски градби. Хотелот им предлага на своите гости ресторан со летна и две зимски градини, парк, базен на отворено, СПА центар, детско катче и мини зоолошка градина. На територијата на комплексот се наоѓа зградата на Народното читалиште "Иларион Драгостинов", коешто со својата над 300 годишна културна историја претставува туристичка атракција. Сите соби се опремени со клима уред, кабловска телевизија, минибар, персонален сеф, телефон. Во дел од собите има постојан интернет пристап.

ЕДНОДНЕВЕН ДЕЛНИЧЕН ПАКЕТ: 2465 денари (40 €) - 50% = 1232 денари (20 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

  • Ноќевање
  • Еден појадок на блок маса
  • Една вечера по тристепено мени во таверна "Изворот"
  • Користење на надворешен отворен базен
  • WiFi интернет
  • Паркинг
  • Пријатни катчиња за одмор и релаксација

Таверна Изворот е одликувана со наградата "Ресторан на годината" за 2003 година. Со разновидно мени, вклучувајќи над 450 предлози за храна и пијалаци, таверната им овозможува на своите гости да уживаат во традиционалната бугарска кујна. Таверната располага со 2 зимски градини, каде што топлината на огништата го надополнува чувството на   комфор и спокојство. Летната градина со своите водни атракции, богато зеленило и детско катче е претпочитано место за нашите гости. Јагне на ражен, јадења на фурна и скара комбинирани со кулинарските вештини на мајстор-готвачите се неодоливо искушение за љубителите на традиционалната бугарска кујна. За доброто расположение на гостите во таверна Изворот има богата фолклорна програма.

Комплекс "Изворот" нуди перфектни услови за одмор и релаксација. Покрај забрзаното и тензично секојдневие, овде можете да го вратите еланот и енергијата, подарувајќи си едно навистина релаксирачко и инспиративно доживување.
Местоположба и знаменитости:
Село Арбанаси е лоцирано во непосредна близина на средновековната бугарскапрестолнина Велико Трново. Основано во 15 век од православни Грци, Албанци и Бугари населбата го достигнува својот процут во 17 век. Поради необичниот шарм, уникатни архитектонски споменици и благопријатната клима, во 1921г. со царски указ село Арбанаси е прогласено за одморалиште, а во 2000 година за "Историска населба" од национално значење. Куќите со над 300 годишна историја се зачувани во автентичен вид и импресионираат со неповторлива архитектура, дрворезбарство и уметнички фасадни орнаменти. На територијата на селото Арбанаси се зачувани 5 цркви и 2 манастири изградени и фрескоописани во крајот на 16 и почетокот на 17 век. Во манастирот Успение Богородично се чува една од чудотворните икони на Божјата Мајка. Село Арбанаси нуди единствена можност за непосреден допир до вистински ремек-дела во архитектурата, интериерниот дизајн и црковното сликарство од 16 - 17 век.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при двојно сместување.
  • Деца до 2 години се сместуваат бесплатно.
  • Деца од 2 до 12 годишна возраст за / ноќевање со појадок / плаќаат 5 € на ден на рецепцијата на хотелот.
  • Трет возрасен (при можност за сместување) плаќа половина од вредноста на пакетот, на рецепцијата на хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 14 Октомври до 01 Декември 2015 година.
  • Неопходна е претходна резервација пред купување на ваучер на тел: +359 887 42 99 61.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотел "Изворот" Арбанаси

Хотел "Изворот"
С. Арбанаси, Р. Бугарија
Ул. Ополченска №3 
Тел: +******
E-mail: [email protected]
Website: www.izvora.com

ВИП Понудата е предоставена од нашиот партнер - Хотел "Изворот" - Арбанаси

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 13.09.2015 до 01.12.2015

Уште понуди:

-50%

СПА одмор во Велинград

Цена: 3 097ден. 1 548ден.
За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.