0 коментари

Тридневен пакет за Нова година со појадок + користење на СПА услуги во Хотел Елегант Лукс, Банско

Ресторан "A la Carte"

Луксузната атмосфера во нашиот ресторан со Versace мотиви предиспонирач за една елегантна вечера, комбинирана со добра услуга.

Дали јадете со или без повод, ресторан "A la Carte" создава празник за сите ваши сетила. Тука секогаш ќе постои причина да се вратите повторно - било да е тоа сезонски јадења жива музика или постојаната и квалитетна услуга!

СПА центар:
Телото е храм на душата. Грижата за него е израз на љубовта кон самите нас.

Нашите гости можат да уживаат во времето поминато во внатрешниот базен со топла минерална вода.

Џакузито е совршено место за одмор пред или по СПА терапии и масажи. Таму ќе добиете потполно бесплатна и возбудлива масажа од водните турбини.

Откако ќе поминете малку време во Турската парна бања - амам, вашата кожа ќе биде препородена и ќе бидат отстранети сите токсини од Вашето тело. Жешката пареа ја засилува циркулацијата, ја стимулира работата на срцето и белите дробови, го подобрува метаболизмот и квалитативниот состав на крвта, ја активира дејноста на жлездите со внатрешно лачење, ја смирува болката, а во истовреме го забрзува метаболизмот и процесите на детоксикација.

Престојот во сауната го зголемува внесувањето на кислород, се зголемува срцевата активност и ја пречистува вашата кожа од токсини. Високата температура и ниската влажност на воздухот доведуваат до проширување на крвните садови, при што до кожата достигнува поголемо количество крв.

Инфрацрвената сауна го стимулира здравото потење на телото при што организмот се ослободува од штетните отрови, токсини, метали, холестерол. Истовремено со излачувањето на штетните материи преку порите, од кожата се ослободуваат и мртвите клетки.

За да бидете шармантни и со стил за даден повод или едноставно да поуживате , Ви го предлагаме нашиот салон за убавина каде ќе најдете фризерски услуги, маникир и педикир.

Модерна опремената сала за фитнес на хотелот е погодна за активните гости кои сакаат да ја одржуваат својата форма.

Коментари



Вашиот коментар: