0 коментари

50% попуст на тридневни пакети со појадок, вечера и лифт карта во Планинарски дом Гоце Делчев,град Добриниште, Р. Бугарија

Планинарскиот дом е топол и гостопримлив, целосно реновиран и се наоѓа на удобна локација. Лоциран на 12 км. од град Добриниште, до домот се стигнува по добро одржуван во зимски услови асфалтен пат. Од тука тргнува лифтот, кој за 27 минути ги качува туристите до Планинарскиот дом Безбог. Планинарскиот дом располага со гардероба за скијање и сноубординг за изнајмување, како и со санки за најмалите гости. Местото е погодно за семејства со мали деца. Во близина на Планинарскиот дом се наоѓа ски-патеката за деца и почетници скијачи.
Ви го препорачуваме ресторанот во Планинарскиот дом Гоце Делчев. Со топла и вкусна храна, кафе, чај и извонреден крем карамел ќе го запомните ова место. Работи од утро до вечер без прекинување.
Капацитет на Планинарскиот дом Гоце Делчев е  26 места: 4 двокреветни луксузни соби со купатило, 1 тројна лукс соба со купатило, 2 двокреветни луксузни соби со заедничка бања на спратот, 2 тројни лукс со заедничка бања на спратот, 1 петорка лукс со самостојна бања.

Коментари



Вашиот коментар: