0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера во Хотел Зора, Велинград

Велинград е лоциран во центарот на Чепинската котлина, во најубавиот дел на Западен Родопи и е оддалечен  на 130 kм од Софија и на 85 километри од Пловдив. Во близина на него е одморалиштето  "Јундола", а на 17 км е вилната туристичка зона "Цигов Чарк" и  браната Батак.
Со Уникатната комбинација на клима, минерални води и убава природа, градот е преферирана дестинација за рекреација, релаксација и третмани  за лекување  . Се наоѓа на 750-780 метри надморска височина.
Климата е умерена и поволна. Летото е свежо, зима е снежна и мека. Просечната годишна температура е од 10 до 15 степени. Зимзелената  шума, силното сонце, чистиот планински воздух создаваат услови кои влијаат позитивно врз човечкиот организам. Големата популарност Велинград  ја должи на многубројните  и разновидни топли минерални извори, кои се околу 78 на број. Тие се меѓу најлековитите во земјата и се единствени по својот состав.
Легендите раскажуваат дека на овие простори некогаш живеел Орфеј. Преданија велат дека овој родопски крај ја дал титаничната сила на Спартак - водачот на востанаите о робови во античкиот Рим. Прекрасната природа, интересните локални занаети и традиции, историските споменици и гостопримството на локалното население ја надополнуваат привлечноста на Велинград како туристичка дестинација.

Коментари



Вашиот коментар: