0 коментари

50% попуст на еднодневен пакет со појадок и вечера во Хотел Евридика***, Пампорово

Комплексот се состои од три корпуси  поврзани меѓу себе со топла врска.  Хотелот е на 3 спрата и располага со 9 апартмани, 36 двокреветни и 26 трокреветни соби. Сите соби се свртени кон југ.  Во хотелот има ресторан- таверна со камин, ноќен бар, лоби бар, конференциска сала, менувачница, фитнес, затворен базен со детска секција, сауна, џакузи, парна бања, пинг понг, билијард, летна бавча , скара и паркинг.
Хотелот располага со сите потребни услови не само за рекреација, спорт и разновидна забава, но и за одржување на конференции, семинари, "зелени" и "планински" училишта. Дозволен е престој со миленичиња.

Локација и знаменитости:
Хотел Евридика се наоѓа во Пампорово, едно од најпопуларните и модерени  скијачки одморалишта во Бугарија. Пампорово е лоцирано во срцето на Родопите, на 260 километри од главниот град Софија, на 85 километри јужно од Пловдив и на 15 километри од Смолјан. Пампорово е едно од најсончевите планински одморалишта во Бугарија – овде сончевите денови во годината се повеќе од 240. Климата е блага, со силно медитерански влијание.
За Пампорово не се карактеристични ниту нагли промени во времето, ниту снежните наноси, па спокојството и безбедноста за време на одморот Ви се загарантирани. Одморалиштето и патеките околу него се наоѓаат меѓу вековните и исклучително убави елки. Ова го прави центар на атракција не само во зима, но и во текот на топлите летни месеци.

Коментари



Вашиот коментар: