0 коментари

Дводневен акет за двајца со појадок и вечера + процедура за НЕГО и НЕА во Хотелски Комплекс Скалите, Белоградчик - Бугарија

Хотелот располага со сите удобности потребни за одмор или пак бизнис викенд.
Комплексот е со капацитет од 81 кревети.
Белоградчик е мал град во областа Видин, северозападна Бугарија. Тој е административен центар на истоимената општина Белоградчик. Населението на градот кон 2009 година е 5 334 жители, што го прави вториот по големина во областа. Градот е живописно сместен во западниот дел на Стара Планина, во подножјето на Белоградчишкото било. Урбанизиран и гостопримлив, Белоградчик е меѓу најатрактивните туристички места на Бугарија. Градот предлага  можности за излети, спелеолошки и конгресен туризам, планинарење, лов и риболов, спортување и астрономски набљудувања.
Населбата е создадена во времето на Римјаните, кои изградиле тврдина на истото место, каде што и денес се наоѓаат остатоците од Белоградчишката тврдина. Во првите турски документи од почетокот на ропството градот го нарекуваат Белград, бидејќи поголем дел од куќите во овој период биле изградени од плитар, кал и вар, што му придавало особена белина на градот на позадината на црвените скали. Подоцна, за да го различат од српскиот Белград го нарекуваат Белградин (мал Белград). Суфиксот "-чик" на сегашното име Белоградчик е од турско потекло.

Коментари



Вашиот коментар: