0 коментари

Еднодневен, дводневен или тридневен пакет со појадок и празнична вечера + СПА во хотел Огњаново СПА ***, Огњаново

Хотелот располага со 12 двокреветни соби Делукс, 4 двокреветни соби стандард и 4 апартмани. Сите елегантни простории  за сместување во хотелот располагаат со LCD телевизор со кабелски канали, мини бар и купатило со козметика и фен. Секоја соба е со клима уред и балкон .

Ресторанот е со пријатна атмосфера и пространа градина, добра услуга и нуди на своите гости бугарска и интернационална кујна.

Од панорамскиот бар со чаша ароматично кафе, може да уживате во неповторлива глетка кон Пирин, Родопите и река Канина.

Во хотелот може да организирате забави, годишнини, родендени, семејни прослави, пријателски средби како и професионални собири - конференции, семинари, обуки и школи. Хотел Огњаново Спа нуди конференциска сала, бесплатен Wi-Fi на територијата на комплексот, спокојна и продуктивна средина.

Огњаново е едно од најпознатите балнеолошките центри во Бугарија. Огњановските минарални бањи се состојат од 24 термоминерални извори со вкупен дебит од 102 литри во секунда. Просечната температура на водата е 39-40 степени Целзиусови. Анализата на водата ја дефинира како хипертермална и слабоминерализирана.

Минералните води лекуваат болести на мускуло - моторниот систем, срцеви заболувања и болести на крвните садови, нарушувања на ендокриниот систем, дигестивниот и респираторниот систем, метаболизмот и различни гинеколошки и нервни проблеми.

Коментари



Вашиот коментар: