0 коментари

Дводневен и седумдневен пакет во апартман со една или две спални во Комплекс Гранд Монтана, Банско

Банско е најпосетениот и најпопуларниот бугарски зимски центар кој нуди најразлична и разновидна забава за своите гости, како во зима така и преку останатите  сезони од годината.

Банско е најпосетените бугарски зимски центар кој нуди безброј различни и разновидна забава за своите гости, како во зима така и во другите сезони од годината.

Банско е град кој импонира со  сопственото  минато и стил во архитектурата, историјата и секојдневниот бит и култура. Шетајќи низ градот можете да ги посетите бројните продавници за облека, сувенири, зачуваните работилници-продавници на народните ракотворби, мноштвото кафулиња и традиционални ресторани, дистокети и ноќни клубови. Може да уживате во прекрасната и непроменета  архитектура и стил кои се зачувани и до денес, и се пренесени на сите новоизградени згради. Куќата-музеј на Никола Вапцаров е едно од најпосетените места, а оригиналните фрески и резби на Веленовата куќа ја прават интересен културен споменик. Задолжително треба да ја посетите црквата со часовникот кула "Света Тројца", изградена во 1835г. со неверојатно убави иконостас од резба и оригинални икони.Не ја пропуштајте и  постојаната изложба на икони- "Банска уметничка школа",  изложена  во најстарата и сочувана зграда на Банско, нарекувана уште  Хилендарски метох, каде што во 6 изложбени сали може да се следи развојот на Банската иконописната  школа од фрески, вклучително и од Рилскиот манастир. Типичен пример на Банската архитектура е родната куќа на патријархот на новобугарското образование Неофит Рилски - Бенината куќа. Се разбира интересно е да се видат и археолошките остатоци и антички тврдини во месноста Старото Градиште и Јулен.

Може да се прошетате низ природниот резерват "Јулен", кој зафаќа површина од 3200 хектари, и во кој има над 30 планинарски патеки, постојат и места за искачување на карпи, а исто така мовете да  ги посетите заштитените природни локалитети: водопадот "Бандеришки скок" , карпестите форми "Свадбата", пештерата "Бандерица" или некои од Вековните дрвја.

Коментари



Вашиот коментар: