Дводневен и тридневен пакет со појадок и вечера во Етнографски Комплекс Чифлик, Писменово
Во Комплекс Чифлик има внатрешна таверна со 60 места, изградена во типичен етно стил. Професионалната услуга и неповторливата атмосфера придонесуваат за целокупната пријатна атмосфера.Таверната ќе стане Ваше омилено место. Надворешниот ресторан на етнографски комплекс Чифлик има 300 места и во лето станува арена на уникатнна фолклорна програма со интересна кореографија, жива музика, ора, игри со публиката, нестинарски танц и многу други изненадувања. Најубавото место во текот на летото е градината на комплексот.Над 120 розови грмушки, многу цвеќиња и украсни вегетација аранжирани на површина 1 декар придонесуваат за една целосна релаксација. Покрај тоа еден од најголемите резервати во Бугарија, "Ропотамо", е лоциран на само 15 километри од комплексот, иво него се среќаваат повеќе од 80% од сите растителни и животински видови, карактеристични за Бугарија. Тракиското мегалитскоо карпесто светилиште Беглик таш / Бегликташ / се наоѓа на 4 км од Приморско, таму кадешто мистичната Странџа Планина го прегрнува морето. Тоа е едно од најголемите откритија за тракиската историја на Јужното крајбрежје на Црното Море и Странџа. ‘Рт Урдовиза се наоѓа на исток од одморалиштето Китен. Претставува карпест нос со прилично стрмни делови. На него се забележуваат остатоци од срушена тврдина од средниот век. Музеј на подводна археологија гр.Китен, Историски музеј во градот Приморско. Можеби - најубавото на локацијата на комплексот останува сепак неговата изолираност од бучните градови и одморалишта. |
Коментари |
---|