Комплексот се состои од три корпуси поврзани меѓу себе со топла врска. Хотелот е на 3 спрата и располага со 9 апартмани, 36 двокреветни и 26 трокреветни соби. Сите соби се свртени кон југ. Во хотелот има ресторан- таверна со камин, ноќен бар, лоби бар, конференциска сала, затворен базен со детска секција, парна бања, летна бавча и паркинг.
Локација и знаменитости:
Хотел Евридика се наоѓа во Пампорово, едно од најпопуларните и модерени скијачки одморалишта во Бугарија. Пампорово е лоцирано во срцето на Родопите, на 260 километри од главниот град Софија, на 85 километри јужно од Пловдив и на 15 километри од Смолјан. Пампорово е едно од најсончевите планински одморалишта во Бугарија – овде сончевите денови во годината се повеќе од 240. Климата е блага, со силно медитерански влијание.
За Пампорово не се карактеристични ниту нагли промени во времето, ниту снежните наноси, па спокојството и безбедноста за време на одморот Ви се загарантирани. Одморалиштето и патеките околу него се наоѓаат меѓу вековните и исклучително убави елки. Ова го прави центар на атракција не само во зима, но и во текот на топлите летни месеци.
|