Четиридневен или петдневен пакет со појадок + празнична новогодишна вечера и СПА во хотел Огњаново СПА ***, Огњаново
Хотелот располага со 12 двокреветни соби Делукс, 4 двокреветни соби стандард и 4 апартмани. Сите елегантни простории за сместување во хотелот располагаат со LCD телевизор со кабелски канали, мини бар и купатило со козметика и фен. Секоја соба е со клима уред и балкон . Ресторанот е со пријатна атмосфера и пространа градина, добра услуга и нуди на своите гости бугарска и интернационална кујна. Од панорамскиот бар со чаша ароматично кафе, може да уживате во неповторлива глетка кон Пирин, Родопите и река Канина. Во хотелот може да организирате забави, годишнини, родендени, семејни прослави, пријателски средби како и професионални собири - конференции, семинари, обуки и школи. Хотел Огњаново Спа нуди конференциска сала, бесплатен Wi-Fi на територијата на комплексот, спокојна и продуктивна средина. Огњаново е едно од најпознатите балнеолошките центри во Бугарија. Огњановските минарални бањи се состојат од 24 термоминерални извори со вкупен дебит од 102 литри во секунда. Просечната температура на водата е 39-40 степени Целзиусови. Анализата на водата ја дефинира како хипертермална и слабоминерализирана. Минералните води лекуваат болести на мускуло - моторниот систем, срцеви заболувања и болести на крвните садови, нарушувања на ендокриниот систем, дигестивниот и респираторниот систем, метаболизмот и различни гинеколошки и нервни проблеми. |
Коментари |
---|