0 коментари

Еднодневен или дводневен пакет за двајца со појадок и романтична вечера во Хотел Света Анастасија

Ова е место во кое се вљубивме. Ја почувствувавме неговата енергија и сакавме да го претвориме во нашето место и за пријателите и за естетските луѓе. Го изградивме со сета своја љубов и внимание на детали, за да го споделуваме со Вас - нашите гости, во потрага по спокојство и убави спомени.

Што повеќе би посакале...

Морето е инспирација! Огромното пространство на морето има неопислив шарм и мистерија. Кога ќе ги отворите вратите на Хотел Свете Анастасија, ќе најдете убавина и магија. Тишината Ве заокружува, морскиот ветрец ве гали, бесконечното сино море Ве успокојува. И веќе самите знаете дека сте го нашле вистинското место - не само хотел на морскиот карпест брег, а вистински дом, за секоја сезона, и секоја прилика, кој те привлекува со својата фасцинација и магичност и се враќате повторно и повторно. Дом каде што се среќаваме, каде што се поврзуваме, каде живееме и уживаме. Враќањето е и поради луѓето кои Ве пречекуваат - љубезни, насмеани, среќни, работат дискретно и посветено, за да го направат Вашиот престој  мирен, пријатен и безгрижен. Како семејство!

Уметноста да не правите ништо

Уживајте во себе. Опуштете се. Контемплирајте. Време е за вас и за состанок со вас! Забавете го протокот на мисли. Заборавете на секојдневната грижа и забрзаниот ритамот. Обезбедете одмор за вашето тело и душа. Разгалете ги своите сетила. Тоа е она за што сонувате и тоа е она што го барате! И за сето тоа е потребно време ... препуштете си повеќе ... кај нас во Света Анастасија.
Место, но кое копнеете  да бидете и во лето и во зима. Местото веќе е тука и Ве очекува. Специјално за вас!

Коментари



Вашиот коментар: