0 коментари

Еднодневен пакет за двајца со појадок + загреан надворешен базен во Thassos Grand Resort*****, Тасос

Комплексот се состои од 14 одделни згради кои создаваат атмосфера на мали независни вили, опкружени со убави градини. Овој луксузен хотел е на ефектена крајбрежна локација и нуди 167 двокреветни соби и 12 апартмани, лоцирани во зградите. Сите соби и апартмани се опремени со:
* бања
* телевизор
* сателитска телевизија
* телефон
* Мини бар
* клима
* Wi-Fi
* Со балкон или веранда
Хотелот е лоциран на самиот морски брег и ги нуди сите удобности за еден прекрасен одмор на море, како за парови, така и за семејства со мали деца.

Плажа и базени:
Неверојатно чиста морска вода, со повеќе нијанси на сина и зелена, бела песочна плажа, лоциран меѓу вековни борови, во двестегодишна Маслинова гора. Почуствувајте ја топлината на песокот под нозете, искапете се во сончевите зраци и пливајте во водите на плажата на комплексот.
Четирите надворешни базени се лоцирани во близина на морскиот брег, нудат комбинација на впечатлива глетка со висококвалитетна услуга.
Asteria Spa & Wellness:
Повелете во нашиот СПА центар да го преоткриете вашето тело и да го балансирате Вашиот ум за да постигнете здрав, среќен и долг живот!
Нашиот СПА центар предлага масажи и терапии кои Ви гарантираат смиреност и целосна релаксација. За нас физичкото и психичкото спокојство на гостите е од исклучително значење и затоа посветуваме посебно внимание на секој наш клиент, со единствена цел да предложиме незаборавен престој.
Asteria Spa & Wellness е поделен на 2 дела:
Зона за релаксација, која вклучува: Парна бања, класична финска сауна, солна соба, џакузи, топли легла, кнајп патека, ледена кофа.
Зона за процедури - нуди широк спектар на масажи, третмани за лице и хидротерапија, естетски и козметички услуги.
ресторан Олимп:
Со поглед кон заливот Агиос Јоанис Лукас, ресторанот на своите посетители предлага појадок на шведска маса, проследен со интернационално бифе, со зона за подготовка на јадења во живо пред клиентите за вечера, како и специјални тематски вечери посветени на одредена кујна. За ручек, на располагање на гостите е а ла карт менито на ресторанот. Со можност за јадење на отворено и затворено, и во двата случаи морската глетка и вкусните јадења придонесуваат за едно прекрасно искуство со вашите најблиски.
Таверна DIONYSUS:
Софистицирана автентична грчка кујна, со модерен вкус и префинети традиционални медитерански рецепти, приготвени од свежи природни производи, произведени на островот Тасос.

Коментари



Вашиот коментар: