0 коментари

Еднодневен пакет со појадок + користење на СПА услуги во Хотел Медикус****, Вршец

СПА Хотел Медикус се наоѓа во центарот на одморалиштето Вршец во непосредна близина на градските бањи и старото казино. СПА Хотелот  предлага за своите гости 27 апартмани, со можност за употреба на дополнителни кревети и 6 Делукс двокреветни соби. Сите простории во спа хотел Медикус се опремени со телефон, телевизор, клима уред, мини бар, фен, паник копче и озвучување за музика во бањите.
 

Локација:
Вршец е познат како еден од најзелените и еколошки градови во Бугарија. Одморалиштето е сместено на 380 метри надморска височина, каде високите планински венци го штитат од студени ветрови и осцилацијата на температурите и го прават воздухот пријатен и свеж. Важна предност е фактот дека Вршец е лесно достапен, се наоѓа на 92 километри северно од Софија, кога се патува преку превојот Петрохан и 130 км од главниот град Софија по автопатот Хемус. Од пристаништето Лом на реката Дунав е оддалечен 70 километри, а од пристаништето Видин на 90 километри. Познато балнеолошко одморалиште, со уникатна клима, убава природа и лековити минерални води.
Како единствен град во северозападна Бугарија, Вршец нуди комбинација од минерални извори, воздух  заситен со кислород и прекрасна природа која го опкружува, името на Вршец се претвора во одморалиште за за здравје за секого.

Коментари



Вашиот коментар: