0 коментари
Со нашите понуди за одмор во Кметовци ќе ве однесеме до спокојството на преродбенското бугарско село.
На мегданот на село Кметовци се белее реставриран ан од 1865г.- денес хотел "Фенерите". Духот на старите времиња ќе ве пречека со шарени ткаени килими, штиците што благозвучно скрцаат и мирисот на старата бугарска куќа. Хотел "Фенерите" – едно катче на мир и тишина во комбинација со модерни удобности, место за Вашиот семееен одмор или за одмор со пријателите.
Овде ќе имате можност да уживате во јадења од бугарската национална кујна, како и јадења од регионот на Габрово. Пробајте ги специјалитетите во нашата таверна. Започнете го утротп со чаша кафе или чај и со "појадокот на баба".
Хотел фенерите се состои од два дела - Фенери 1 и Фенери 2. Фенери 1 располага со еден специјален апартман, еден стандарден апартман, три двокреветни луксузни соби. Фенер 2 располага со два стандардни апартмани, четиринаесет двокреветни соби со када, од кои три се луксузни. Специјалниот апартман е мебелизан во автентичен стил и се состои од две одвоени спални соби, дневна соба и бања. Има фрижидер и мини бар. Стандардните апартмани се состојат од спална соба и дневна соба, опремени со тапациран мебел. Тие имаат фрижидер и мини бар. Делукс собите имаат катче за дневен престој. Сите соби се опремени со ТВ, телефон и купатило со подно греење. Вашиот престој во хотел "Фенерите" ќе биде од оние доживувања кои се паметат засекогаш. |