0 коментари
Дрјаново е малко планинско туристичко гратче кое се наоѓа во близина на градот Велико Трново. Се наоѓа во склопот на прекрасните и заоблени ридови на Централниот дел на Стара планина. На територијата на општината е продолжението на Микренските височини - карпесто варовито плато на „Стражата”, низ кое се протегаат клисури на реките Јантра и Дрјановска река. Надморската височина варира од 180 до 640 метри. Највисоката точка тука е Балабана - на 620 метри надморска височина.
Градот се наоѓа на автопатот Русе - Велико Трново - Габрово - Шипка - Стара Загора. Железничката станица е на главната железничка артерија која ги поврзува Северна и Јужна Бугарија.
Градот е лоциран на 20 километри од Габрово, на 24 километри од Велико Трново, на 17 километри од преродбенскиот и резбарски центар Трјавна, кадешто можете да видите мнпштво живи стари занаети.
Климата во регионот Дрјаново е умерена континентална. Зимата е снежна, но не многу ладна, а летоото е свежо. Ветерот е редок гостин, бидејќи целата област е заобиколена од планински масиви кои ја штитат од силни струи. |