Eднодневен пакет на база All Inclusive во Комплекс Аурора***
Туристичкиот комплекс "Константин и Елена" се наоѓа на околу 8 километри североисточно од градот Варна. Уникатните хотелски згради привлекуваат многубројни туристи, кои уживаат во убавото крајбрежје на Црното Море. Пријатен морски ветрец, златен песок и топли сончеви зраци ... Најточниот збор за сето ова е - блаженство. Но да Ви раскажеме малку повеќе за ова прекрасно летно одморалиште! Покрај хотели Константин и Елена, викендички и вили, забавни објекти, ресторани и спортски објекти, во одморалиштето се наоѓа Параклисот "Свети Константин и Елена". Историјата на параклисот е интересна. Во минатото тој припаѓал на манастир изграден во чест на императорот Константин и царицата Елена (неговата мајка). Тоа е и причината туристичката населба да го носи името на овие познати личости. Царицата Елена била фасцинирана од минералните извори и често ги посетувала. Поради минералните извори областа околу манастирот почнал да се полни со бројни посетители кои престојувале во манастирот. Наскоро манастирот не можел да смести сите, кои сакале да ги посетат божествените извори. Започната и изградбата на летно одморалиште, кое во почетокот го носело името Дружба. Денес во одморалиштето има два отворени базени со топла минерална вода, коишто работат деноноќно. Дури во зима топлите извори се посетуваат активно, а во нивна близина се наоѓа грандхотел "Варна". Одморалиштето не е големо и преполн од туристи, како повеќето од останатите црноморски градови. Тоа привлекува со својата тишина, мир, мирис на шуми и морски свеж ветар. Многуте хотели во Константин и Елена, одличната услуга и бескрајниот морски хоризонт се причините поради кои туристите го преферираат Св. Константин и Елена. Ако и Вие сте уморни од градскиот шум, големите толпи и загадениот воздух, одморалиштето Свети Константин и Елена е совршено место за вас! Морската престолнина Варна е само на неколку минути пат. Во случај да Ви биде досадно, Варна исто така Ве очекува со отворени раце! Карпестиот феномен Побиените камења, делфинариум, летниот театар, Алаџа манастир, зоолошка градина и убавиот центар на Варна ве очекуваат! Затоа не двоумете се! Хотелите во Свети Константин и Елена располагаат со интернет клубови, барови, ресторани, продавници за облека, сувенири и многу други услуги. Одбравте ли веќе место за одмор? Веќе имате одговор! Одморалиштето Св. Константин и Елена е вистинското место! |
Коментари |
---|