0 коментари

Еднодневен пакет со појадок, ручек и вечера за две или три лица во Хотел Кремиковци, Китен

Комплекс Кремиковци е лоциран во тивкиот Атлимански залив, на 200 метри од Црно море. Комплексот се состои од два дела - две згради на 11 спрата и четири луксузни вили. Собите се наоѓаат во двата основни корпуси кои ги покриваат условите на хотел две ѕвездички. Во блок "А" се наоѓаат соби со 2 основни и 2 дополнителни кревети, сопствена бања и тоалет, кабелска телевизија и мини бар. Во блок "Б" се наоѓаат апартманите, секој од нив има дневна соба, спална, сопствена бања и тоалет, мала кујна, телевизор со кабловска телевизија и фрижидер. Вилите на комплекс Кремиковци имаат условите за три ѕвездички. Вилите се наоѓаат меѓу многу зеленило. Секоја вила се состои од 4 луксузни целосно самостојни соби со посебен влез, веранда со маса и столчиња. Секоја соба располага со 3 основни кревети, телевизор со кабловска телевизија, фрижидер и бања. На територијата на хотелот се наоѓаат два базени - еден за возрасни и еден за деца, отворен коктел бар. Хотелот располага со голем климатизиран ресторан со надворешна тераса. Во фоајето на хотелот се нуди бесплатен безжичен интернет.
Туристичкото гратче Китен се наоѓа во југоисточниот дел на Република Бугарија, на Црноморското крајбрежје, на 55 километри југоисточно од обласниот центар Бургас, 5 километри јужно од општинскиот центар Приморско и 12 километри северозападно од центарот на соседната општина Царево. Расположен е северно од устието на реката Караагач / Китенска река, а дел од него - на малиот полуостров Урдовиза.

Коментари



Вашиот коментар: