Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера во хотел Викторија Палас ****, Сончев брег
Хотелот нуди 42 апартмани, 16 еднокреветни и 475 двокреветни соби. Сите соби и апартмани се со клима уред, телефон, сеф, сателитска ТВ и мини бар. Сите апартмани, како и повеќето од собите имаат балкони. Хотелот располага со 1 главен ресторан – Холивуд, овде се предлагаат јадења од бугарската национална и европска кујна, со капацитет од 500 места. Во комплексот исто така има и италијански ресторан La Gondola кој нуди италијански и рибни специјалитети, со капацитет 70 места. Викторија Паб нуди пријатна атмосфера и весело расположение. Лоби бар -разположен е во фоајето на хотелот. Сафари бар - во пријатен ориенталски стил, лоциран на терасата на хотелот тој открива поглед кон базенот на хотелот со капацитет од 140 места. Бар Mezanine ги привлекува своите гости со нежна музика и бои. Бар Палма - отворен бар лоциран на самиот брег. Бар покрај базен - во форма на брод, лоциран е при внатрешниот базен на хотелот со капацитет 20 места.
За Релаксација и рекреација: Фризерски салон, салон за убавина, надворешен базен, внатрешен базен, детски базен, фитнес центар. |
Коментари |
---|