0 коментари
Планинарскиот дом Гоце Делчев располага со капацитет од 26 места -4 двојни луксузни соби со бања, 1 тројна луксузна соби со бања 2 двокреветни луксузни со заедничка бања на спратот, 2 тројни луксузни соби со заедничка бања на спратот, 1 петорка луксузна соба со бања.
Мало ресторанче е постојано на располагање на туристите нудејќи топла храна и јадења по избор.
За гостите со лични автомобили кои преземаат подолги планински маршрути има деноноќно обезбедуван паркинг.
Во западна насока од лланинарскиот дом Гоце Делчев по црн шумски пат, на 2-3 километри. растојание е месноста Мочарата.
Во минатото таму имало детски камп, а денес е соодветно место за прошетка и пикник. По течението на реката Десилица исто така има патека. Таа се спојува со патеката која доаѓа од Планинарскиот дом Безбог и води кон убави, мали езера во подножјето на врвовите Десилица и Кајмакчал.
Планинарскиот дом Гоце Делчев е почетна станица на лифт, кој за 30 минути ги искачува туристите до Планинарскиот дом Безбог /2240м.н.в./. |