0 коментари

Тридневен или четиридневен пакет со појадок, ручек и вечера + 3 СПА процедури на ден во Балнеохотел Аура***

Хотелот располага со 63 двокреветни соби, 3 стандардни апартмани и 3 големи апартмани. Собите се опремени со кабловска телевизија, интернет, бесплатен WI-FI, клима, телефон, мини бар, аудио озвучување, паник копче. Сите соби и апартмани на хотелот се напојуваат со топла минерална вода. Хотелот располага со обезбедуван паркинг (ограничен број места).
За време на престојот гостите можат да отседнат во класичен ресторан со модерна и софистицирана атмосфера со 180 места во затворен простор и 60 места на отворено, распоредени на пространа сончева тераса. Ентериерот на лоби барот на хотелот создава неповторлива атмосфера за релаксација на посетителите.
Хотел "Аура" Велинград е одлично место и за вашите деловни состаноци, конференции и семинари. Хотелот располага со пространа конференциска сала со капацитет од 130 места и со целосна техничка опрема - екран, флипчарт, мултимедија, безжичен интернет.
Минералната вода во хотелот "Аура" е од извор "Влас", познат по своите извонредни лековити својства. Лековито-профилактичките својства на водата се потврдени како од истражувањата, така и од стекнатото искуство во лекувањето на разни болести.
Хотел "Аура" за своите гости предлага различни спа третмани и хидромасажа, како што се:
подводна струјна масажа / тангентор /;
бисерна када;
При овие процедури се користат лековитите својства на минералната вода, минерални соли, билки и различни масла на билна основа. При комбинацијата на овие производи со минералната вода организмот се релаксира, ободрува и тонизира.

Коментари



Вашиот коментар: