0 коментари

Четиридневни ски пакети со појадок, вечера и карта за ски-лифт во Планинарски дом Гоце Делчев, Добриниште

Планинарскиот дом Гоце Делчев располага со капацитет од 26 места -4 двојни луксузни соби со бања, 1 тројна луксузна соби со бања 2 двокреветни луксузни со заедничка бања на спратот, 2 тројни луксузни соби со заедничка бања на спратот, 1 петорка луксузна соба  со бања.
Мало ресторанче е постојано на располагање на туристите нудејќи топла храна и јадења по избор.
За гостите со лични автомобили кои преземаат подолги планински маршрути  има деноноќно обезбедуван паркинг.
Во западна насока од лланинарскиот дом Гоце Делчев по црн шумски пат, на 2-3 километри. растојание е месноста Мочарата.
Во минатото таму имало детски камп, а денес е соодветно место за прошетка и пикник. По течението  на реката Десилица исто така има  патека. Таа се спојува со патеката која  доаѓа од Планинарскиот дом  Безбог и води кон убави, мали езера во подножјето на врвовите   Десилица и Кајмакчал.
Планинарскиот дом  Гоце Делчев е почетна станица на лифт, кој за 30 минути ги искачува туристите  до Планинарскиот дом Безбог /2240м.н.в./.

Коментари



Вашиот коментар: