0 коментари

Еднодневен и дводневен Велигденски пакет со појадок, попладневна ужина и вечера + користење на СПА услуги и масажи во Хотел Сириус****, Св. Константин и Елена - Бугарија

Одморалиштето. Св. Константин и Елена се наоѓа само на 5 километри североисточно од морската престолнина  на Бугарија – градот  Варна. Близината на динамичниот град ги открива пред вас своите историски знаменитости: Римските Терми, Археолошкиот музеј, кадешто чувајте најстарото златно богатство во светот- тракиското златно богатство, и модерните Аквариум, планетариум и единствениот на Балканскиот полуостров делфинариум, каде што ќе се восхитите и ќе споделите весела игра со Варненските делфини.

Предлаганиот  широк  спектар на можности за забава, како и високиот стандард на услуги, го претвораат хотелскиот комплекс SIRIUS BEACH во одлично место за рекреативен туризам. Комплекс SIRIUS BEACH располага со главен ресторан, лоби бар, Скај бар и ресторан-Кораб. Лоби бар - префинета атмосфера,пријатно место за кафе, пијалок  и средба со пријателите.

Најважнен во ресторан Сириус е квалитетот на храната. Менито претставува мешавина од софистицирана  морска храна, свежа риба приготвена на скара, мезе од маринирани риби.
Задоволството од морските специјалитети не би било целосно без да е комбинирано со вино. Во ресторанот се нудат најдобрите бугарски вина, како и прочуените француски вина од Бордо, италијански, шпански, дури и новозеландски вина.
И поважно од богатото мени е тоа што секое јадење се подготвува со вештина и специјален однос!
Хотелски комплекс SIRIUS BEACH нуди затворен базен со топла минерална вода ( 37°) со џакузи.
Во WELLNESS-центарот на комплексот квалификувани кадри се грижат за убавината и здравјето на гостите на хотелот – се предлага ароматерапија, масажи, третмани со кал, сауна, солариум.

Коментари



Вашиот коментар: