0 коментари

Еднодневен пакет со појадок и вечера во хотел Викторија Палас ****, Сончев брег

Хотелот нуди 42 апартмани, 16 еднокреветни и 475 двокреветни соби. Сите соби и апартмани се со клима уред, телефон, сеф, сателитска ТВ и мини бар. Сите апартмани, како и повеќето од собите имаат балкони.

Хотелот располага со 1 главен ресторан – Холивуд, овде се предлагаат јадења од бугарската национална и европска кујна, со капацитет од 500 места. Во комплексот исто така има и италијански ресторан La Gondola кој нуди италијански и рибни специјалитети, со капацитет 70 места. Викторија Паб нуди пријатна атмосфера и весело расположение. Лоби бар -разположен е во фоајето на хотелот. Сафари бар - во пријатен ориенталски стил, лоциран на терасата на хотелот тој открива поглед кон базенот на хотелот со капацитет од 140 места. Бар Mezanine ги привлекува своите гости со нежна музика и бои. Бар Палма - отворен бар лоциран на самиот брег. Бар покрај базен - во форма на брод, лоциран е при внатрешниот базен на хотелот со капацитет 20 места.

За Релаксација и рекреација: Фризерски салон, салон за убавина, надворешен базен, внатрешен базен, детски базен, фитнес центар.
Хотелот нуди исклучително модерен SPA центар, каде што може да го закрепнете Вашето физичко и духовно здравје. Во мирна и пријатна атмосфера на центарот можете да го соживите телото и духот и да се ослободите од негативната енергија. Центарот за масажи вклучува масажа Клеопатра- масажа со алги со релаксирачки и антицелулитен ефект, Паша масажа- посебна релаксирачка масажа со ароматични масла. Масажа Балинез - специјална масажа со билки.
Таи - за истегнување на телото и мускулите, со личен инструктор. СПА - центарот нуди и т.н. чоколадна терапија со специјален чоколадно масло и ароматични масла. Салонот  за убавина во СПА-центарот нуди бројни процедури и третмани, како масажи со алги, када со млеко, антицелулитни масажи, масажи со билки и други.

Коментари



Вашиот коментар: