0 коментари

Еднодневен или тридневен пакет со појадок и вечера во Хотелски комплекс Перла, Арбанаси

Хотелот располага со 16 двокреветни соби и 2 апартмани.
Собите се со бања, мини бар, кабловска телевизија, интернет, клима уред и тераса.
Во внатрешниот дел таверната располага со 100 места, а во летната градина со надворешен базен има уште места за нашите гости.
Местоположба и знаменитости:
Село Арбанаси е лоцирано во непосредна близина на средновековната бугарскапрестолнина Велико Трново. Основано во 15 век од православни Грци, Албанци и Бугари населбата го достигнува својот процут во 17 век. Поради необичниот шарм, уникатни архитектонски споменици и благопријатната клима, во 1921г. со царски указ село Арбанаси е прогласено за одморалиште, а во 2000 година за "Историска населба" од национално значење. Куќите со над 300 годишна историја се зачувани во автентичен вид и импресионираат со неповторлива архитектура, дрворезбарство и уметнички фасадни орнаменти. На територијата на селото Арбанаси се зачувани 5 цркви и 2 манастири изградени и фрескоописани во крајот на 16 и почетокот на 17 век. Во манастирот Успение Богородично се чува една од чудотворните икони на Божјата Мајка. Село Арбанаси нуди единствена можност за непосреден допир до вистински ремек-дела во архитектурата, интериерниот дизајн и црковното сликарство од 16 - 17 век.

Коментари



Вашиот коментар: