0 коментари

Дводневен пакет за двајца во вила Orange, Созопол

На само 100 метри од хотелот се наоѓаат добро одржуваните плажи, од каде што исто така се открива убава морска Панорама. Водата е кристално чиста и условите гарантираат одлична можност за релаксиран одмор во текот на целото лето.
Гостите можат да уживаат во надворешен базен со посебен детски дел, расположени во убавата градина на комплексот. За секој од гостите е предвидена бесплатна употреба на лежалки и чадор. За Вашиот комфор нашиот персонал на базените предлага различни освежувачки пијалоци и коктели, кои да допренесат за Вашиот целосен одмор. За децата има изграден атрактивно детско катче.
Прошетката до стариот дел на Созопол и посета на културните и природни знаменитости ќе го надополнат Вашиот одмор и ќе ги направат вашите моменти интригантни, емоционални и романтични.
Созопол е најстариот град на бугарското црноморско крајбрежје.
Црквите во стариот дел се одликуваат со старите икони, прекрасните иконостаси во стилот на бугарските стари уметнички занаети.Особено интересна и карактеристична е архитектурата на Созополските преродбенски куќи. Градот е жив уметнички и културен центар, и е омилено место на луѓето на уметноста. Овде во септември традиционално се организира културниот фестивал "Аполонија", кој ги собира современите таленти на Бугарија. Популарна дестинација е и островот "Св.Иван", до кој може да дојде со лотка. Незаборавена екскурзија може да се направи и на реката "Ропотамо", која ќе Ве плени со убавата и недопрена природа и со една од најатрактивните скални формации во Бугарија – „Лавската глава”
Дополнителни услуги: рецепција 24 часа, менувачница, бесплатен безжичен интернет, бесплатен паркинг, сеф на рецепција со доплата, базен, детско катче, автомобили и велосипеди за изнајмување.

Коментари



Вашиот коментар: