0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера + СПА во Парк Хотел Гарденија, Банско

Хотелот располага со 58 двокреветни стандардни соби / 30 кв.м. / 23 двојни економични соби / 25 кв.м. /, 4 луксузни соби / 50 кв.м. / и 1 претседателски апартман / 75 кв.м. /; централна климатизација, безжичен интернет во целата зграда, лоби бар, таверна "Кукери", елегантен ресторан во италијански стил со летна тераса, современа опрема СПА центар, конференциска сала, ски гардероба, нудат најновите модели опрема, надворешен лифт со прекрасен поглед кон Ски патеките 24/7 Прием, 24/7 Чувари. Во зимската сезона хотелот обезбедува бесплатен превоз до почетна станица на жичарница на секои 30 минути.
За удобност  на гостите на хотелот во собата има телефон со надворешна линија, телевизор, клима уред, електронски сеф, мини бар со богат асортиман од алкохолни и безалкохолни пијалоци, ореви и десерти, интернет конекција. Секоја соба е со када, а луксузните соби  и апартманот - со џакузи. Бањите се опремени со фен, телефон, богата хотелска козметика и паник-копче.  Дел од собите имаат балкон со прекрасен поглед кон планинските врвови, а дел кон градскиот парк.
Конференциска сала
Капацитет - 120 места. Опремена е со мултимедијален проектор, екран, флип чарт, безжичен интернет. Салата е идеално место за конференции, корпоративни обуки, семинари и други слични настани.
Стилскиот лоби бар со елегантна камин располага со 110 места, безжичен интернет и богат асортиман од пијалаци, мезе, салати, сендвичи и десерти.
СПА центар "Gardenia" е современ центар за убавина и здравје. Потопете се во магијата на релаксација на  древните ритуали. Овде ќе ви понудат широк избор од третмани со производи на Thalgo, BABOR, Gerard's и Olos. Во СПА центарот се спроведуваат над 70 видови масажи и третмани за лице и тело, Достапни се третмани како за жени, така и за мажи. За секој клиент се подготвува специјална програма, во согласност со неговите желби. Гордост на СПА центарот е Ајурведа кабината каде пред вас ќе се открие светот на древната индиска медицина. Покрај релаксирачки третмани, на Ваше располагање има и солариум, базен, детски базен и џакузи, сауна, парна бања, турски амам и фитнес.

Таверна
Таверна "Кукери", изградена од дрво, бакар и камен, и е најколоритното место во целиот комплекс. Таверната е на две нивоа, со капацитет од 400 места и ви нуди автентична бугарска кујна, локални Бански специјалитети, арапска кујна, јадења од дивеч. Таверната Ви нуди  и рибни специјалитети од Медитеранот. Стилот и изведувачкиот дизајн на таверната ја претвораат во совршено место за организирање на свечености  и незаборавни свадбените церемонии. Овде можете да потанцувате, да уживате во нашата фолклорната  програма и одличната услуга.

Ресторан
Италијанскиот ресторан со летна тераса нуди на своите гости богата кулинарска палета. Во комфорна  и пријатна атмосфера Ви нудиме како специјалитети од италијанската кујна, исто така и јадења од различни страни на светот. Вие можете да поминете  романтична вечер во летната тераса на ресторанот, од кадешто се открива прекрасен поглед кон Пирин планина и градскиот парк.

Коментари



Вашиот коментар: